Кога прекинавме ме напна да се видиме , ми ги фати двете раце чиниш ќе ми ги скине и кога го залепив еднаааа ама па , неможам да траам лигавежи
Имам еднаш удрено, на мојот прв дечко, ако воопшто се рачуна толку мал период за врска и во тие луди рани средношколски години. Стоеше позади мене и ме имаше гушнато со рака околу врат, и во едно време осетив дека раката е кај што несмее, подоле од вратот и се свртив без еден збор и го удрив Си важеше за опасен мачо мен, и се изнервира премногу, а и дека имаше нежна кожа која ја пазеше, поцрвене на тој образ Беше повреден и посрамотен сам пред себе што дозволи(сами бевме тогаш), и само ми рече никој до сега нема кренато рака над мене, и отиде во вц Го немаше подолго време, и отидов, а он потресен, си ја местеше косата и вика ништо не ти направив ма луда, раката падна, во таа ли положба ќе те факам Мене ме фати смеа, а он уште толку збеснат и вика пауза барам хахха (Боже колку се смеам сега), ама сепак на крајот од вечерта не си дадовме пауза хахха Во принцип не сум размислувала за шлаканици, не гледам во нив решение, ама тие биле годините, политиката и се случи.
До сега ниедна не ме удрила,затоа што сум примерен дечко. со фини манири.Не сум тип кој по секоја цена гледа што побргу да ја фати за задник или гради,тоа со тек на време се ќе си дојде,треба само трпение и внимателно со девојките,иако има што не ценат такви машки,но кој ги врти таквите.
Никогаш не сум удрила никој од бившите, па нема ни овој. Никој не заслужува да биде удрен, ептен ми е нечовечки . Се може да се реши со разговор.
досега не сум го удрила , па нема ни одсега мислам дека не би имало таква причина за да заслужи шлаканица.
Витомир, во право си. Ретко кој ги врти таквите. Но, за се` постојат исклучоци! Можеби се ретки, можеби тешко е да се најдат...ама сеуште ги има таквите девојки иако за жал во некој многу мал број. Вистинските вредности знае да ги препознае само вистинската жена!
на иден од бившите со кој бевме најдолго во врска-имам пишувано за ова на форумов му удрив една ама ми врати и се степавме-причина непозната, ко злото од мене да излезе во тој момент и се секавам многу ми беше криво и болно а за да не зборуваме подобро и го молев да ми прости тој период имав ептен краток фитил ама кога грешам знам и прошка да барам-кој греши ако се покае, половина му се простува
Јас нервозна, тој ме зеза пред друштво, му велам прекини, ке те ошамарам, ке плачеш, тој ми се смее во фаца. Првиот обид, го промашив. Ама вториот, му наплатив и за првиот, и за третиот што требаше да го добие Мој прв удрен шамар во животот, не бев свесна дека толку сила имам. Не знам како не заплача. Не жалам ни тронка, требало почесто да го шамарам, клоци, со бејзбол палка.....
вистински жени?? зависи за кој има.некој бара жена вистинска за да прави со неја сто сака и да каже е ова е вистинска жена,затоа сто он правел сто сака и како сака е па не е тоа... ДА ИМА ВИСТИНСКИ ЖЕНИ!.. како сто има и вистински мажи иако и жените и мажите вистински се ретки.
до сега го немам удрено и нема! затоа што не го заслужува тоа! а кога ме задева, кога ме чачка знам да го удрам на зафрканција ама не го боли оти ја го мавам
Кога е предобар и наивен.. Не не сум го удрила, тоа ни во сон не помислувам.....Тука сум за да му укажам на тие ситни грешки, но ништо не е толку вредно за шлаканица. Не дај боже ни да дојде до тоа.
Не знам која беше причината, нешто се зезавме и јас толку ми требаше шлаканица му врзав Потоа се мочавме од смеа за тоа и ми вели ти истепај ме, па вели шала, шала Оти јас ќе го удрев и му велев ама шала не сакав да те манам
Нема и нема да има потреба да добие шлаканица. Се` може да се разреши со разговор, договор или евентуално разидување ако нешто не оди како што треба. Како што јас за ништо на светот не би ја простила шлаканицата, не очекувам ниту мене да ми биде простено такво нешто.
Досега никој не заслужил. Доколку некој стварно претера има да добие добро, но се надевам дека нема да дојдам во таа ситуација. А доколку со дечко ми во караница ми излета да го удрам, само можам истото да го добијам и никогаш повеќе да не се видиме. Како што јас не би сакала да ме удари така и јас немам право да мавам по него како да е боксерска вреќа.
недела ипол беше чуден еден период... и кога ќе го прашав сто ти е ми викаше ништо и ја ок. и една вечер беше пијан и ми кажа што било. некој му рекол дека сум го изневерила со другар му и ми збореше глупости... дека ми посакувал среќа со него, немало да му смета, дека сум требала да му кажам за другарму и ја нервозна и му залепив доообар шамар и му реков дека ќе правиме моабет кога ќе биде трезен. проблемот едвај го решивме и јас само му реков го заслужи шамарот тој: да знам.... извини не сакав да те повредам и у образ
Никогаш , затоа што не заслужува да добие шлаканица. Никогаш нема да ја заслужи. Ни на сон не би ми текнало.