Дали е виновен или не, расправијата не треба да се води со кревање рака..јас згрешив, младост лудост или премногу филмови гледање беше.
Мене дм често ми вели дека сум била насилна, онака на мајтап и пред другари онака вика „Не...не...не ме тепа ... многу“, а работата е шо сум несмасна па уз сопнување знам да го подудрам, да го скокотнам, еднаш го галев ми се лизна раката, го заудирав на рамо. Накратко ништо намерно, ама зошто немам силен удар често мајтап ми игра за то.
На мм , додека ми беше дечко . Ама мнооогу ми дигна живци . Си седев со еден другар , и доаѓа ми вели што праеш ти со овој , сум ти рекол несмееш со машко муабет да тераш . Молам ? Ти мене маж си ми или дечко ? Кога ќе ме земеш дома , тогаш ќе кажуваш , додека сум кај татко ми несмееш ништо да ми кажеш ! Се заинати и му залепив шамар . Не ми се налути , ама сега ме зеза дека имам тешка рака и тешко на тој кој ќе изеде шамар од мене инаку , откако доби шамар и се смири малку ми се извини , затоа што така реагирал бидејќи предходно се изнервирал со неговите дома вика не беше ти крива , ја се изнервирав со мојте пред тоа , знам дека помеѓу вас неможе ништо да има , не е наша вера
Го имам удрено еднаш и многу се каев за тоа. Но сметам дека секое кревање рака на партнер е погрешно.
Не сум му удрила шамар, ни па би го удрила, не сум од племе, па да се служам со физички напади. Или ќе решиме фино лепо со компромис и разговор или ако не можеме да се спогодиме подобро ќе раскинеме. Да го тепам, не фала, не се служам со такви ниски удари.
Скраја било по лице никако. Шлаканици знае да добие по задник ако не е мирен.. Не останува должен иначе, ама не се жалам не ми сметаат..
Никогаш не сум го удрила, не сум воопшто насилна. Сè гледам да решам со муабет, не ни викам дури, бидејќи и тоа го гледам како психичко насилство. Не само со него, туку и со сите гледам мирно да решам конфликти.
Додека бев во врска со првиот дечко, бевме заедно 10 месеци и за тие 10 месеци го немав удрено воопшто. Од кога раскинавме тоест тој прв ми раскина јас сеуште го сакав него, а тој пак пред да раскиниме ми имаше речено за една моја другарка која што во тој период почесто излегуваше заедно со мене и со моите другарки дека му била многу убава, а и велеше дека доколку раскинеме следната девојка ќе му биде од моето место на живеење. Јас секако мислев дека се шале за да ме нервира, но не испадна баш така. Една вечер бевме излезени заедно со моите другарки и истата таа девојка, а и тој беше таму и после некое време го снема него, а истовремено ја снема и таа другарката и јас се посомневав и и ѕвонев за да ја прашам каде е да дојдам и јас на тоа место, меѓутоа таа ме излажа, но сепак се познаваше дека ме лаже и почнав да ја барам каде што мислам дека е и ја најдов заедно со мојот бивши ете тогаш таа се исплаши од мене и избега, а додека бившиот си доби една јака шлаканица поради тоа, тој почна да ми кажува пцовки, јас само реков си го заслужи овој шамар одамна и му свртев грб и си заминав, а таа девојка од тогаш престана да ми биде другарка и после некое време му стана девојка на мојот бивши.
Не се случило и нема да се случи. Не се служам со физички удари, ама кога сум нервозна знам да кажам работи за кои после се каам.