U sredno koga bev prva u ista smena bevme so treta, pominuvam jas vo hodnikot koga me zastanuva eden decko od treta kao demek nesto da mi kazel mi se priblizi nakaj uvoto ustvari proba da me bakne na blic i normalno si popi samar
А кога ќе ви удрат шамар ве боли?? За јакиве женски што делат шамари прашувам. Никогаш не би кренала рака на никого, само доколку морам да се одбранам, во тој случај да.
Сериозни сте со шамарите и ќотекот? Читам и ваква сум Во самоодбрана да, ама за се останато ми е Нема врска машко, женско, грдо е! Јас не можам ни да се замислам како мавам шамар на некој, освен ако се работи за загрозување мене или кон син ми, ако е за син ми можам и да загризам
Се рачуна под дејство на хормони? Бремена имавме караница, ми збудалеа хормоните, он не престануваше да збори, му ја стиснав устата како панцерота за да ја залепи веќе. Он остана зачуден дека не сум никогаш насилна, а изгледа го заболе, и ми рече, ај ако не удри ме. Ми даде идеја, од пуста нервоза не знаев веќе што да направам да заќути, го ишамарав. Имаше еден украс дрвен на маса, го земав и намавнав накај него. Украсот беше од свеки, му викам после на мм еееее да знаеше мајка ти дека со нејзин украс ќе те тепам Утредента двајцата кај гинекологот на муабет. Јас плачам, тој ќути, докторот не гледа и се чуди.
Еднаш го имам каснато за образ. Се сликаше. Можда мислеше да ме пријави.. не знам... Ептен грд период тогаш. Скоро пред развод бевме. (Не заради касањето)
Imav edna bivsha pred nekolku godini, mi udri samar, pri megjusebno argumentiranje. Ja krenav vo race i i rekov eve udri i po drugiov obraz i ushte ednas da ne ti teknalo da resavas problemi na fizicki nacin .
Има неколку месеци поминато од тогаш. Детето беше болно со тт, и го пратив мм до аптека да купи чепчиња бидејќи само што го употребив последното. Он уз пат се нашол со некој пријател и заврши во кафана на по една пијачка (читај 10). Кога се врати пијан дома му ги барам чепчињата, ми вика ги заборавил во кола кај пријателот, нејсе легнавме и кога во 2 часот по полноќ детето пак крена тт и тоа гори сирото, и јас тука збеснав го будам него не реагира, му реков како знаеш и умееш оди барај аптека или барај си го пријателот да ми донесеш чепчиња, и после некое време карање гледам дека не бива а живците ми беа на работ веќе го фатив со шамари. Тогаш заслужи и да го убијам, а не така да си помине.
Awww колку слатко Замисли колку би било слатко тој да ти рече иам наплив на тестостерон и да мавне нешто накај тебе па заб ти скрши, па прокрвариш, абе романтики.
@Snowflake92 тоа е разликата меѓу мајка ии татко. Ти ќе висиш цела ноќ ќе се секираш... таткото ќе крчи. Арно си напрајла, бар нервоза ти излегла.
Хахах не приметив да друга е На работ од лудило знаат да не донесат маживе сигурно ќе памти и ќе се замисли за следен пат
Od moja strana masko ima zaraboteno jaka kloca u preponi, ne mi bese decko cisto informativno ali ke me tepal velese posto dva pati korpa mu aknav i se najloso zborese za mene. Ova se slucuva na golem odmor u 2ra sredno i od daleku gledam nesto pocna da mi gestikulira so racete, me maltretirase bukvalno so denovi i mene tolku mi falese mi se spoija dvete zicki i idam nakaj nego normalno ne ocekuvase i koa mu ja zakaciv u preponi ne znaese kaj se naogja. On kje tepal zensko pi*kica edna mala. Pa koa pocna da mi se zakanuva kako ke me ubiel i tie od 4ta maskite koa mu se stavija sramota be na zensko da se silis go zezaa dolgo vreme A samari nekolkumina zarabotile, normalno ne od cista mira nego posto bile napadni i nasilni.
Губам контола кога ке се изнервирам. На 2 дена од врската ми го зема телефонот и почна да ми чита "дневник", притоа кога му објаснив дека таму запишувам мисли кои не сакам никој никогаш да ми ги прочита не сакаше да ми го врати и продолжи да чита. Во нервоза премногу силно го удрив и само си го повлеков телефонот. Жал ми е но нека знае со кој има работа и дека не треба до толку да ми навлегува во приватноста
До сега немам на никого удрено шамар, ни мене некој ме нападнал. Јас на никој не давам доволно значење за да ме изнервира до тој степен да земам при здрав акл да се тепам со некој. Ако е во самоодбрана тогаш оправдано е, инаку така не е нормално ни малце.
Шамар во лице немам дадено ама бокс во јајца повеќе пати имам мавано!! Причина? Не сакам да ме скокоткат. Добро шо и ногата не му отиде во вилицата.