Баш читав во врски, како сте се обрукале пред дечко ви па ми текна да направам ваква тема за тоа кога и како последен пат сте се обрукале, независно пред кој и независно каде Јас толку многу пати се имам брукано, брукано, така да секојдневие ми стана Кога бевме на екскурзија во Италија, сега шетаме онака во групи и едно време јас и другарката се изморивме и таа ми вика демек ај ќе си купиме нешто за јадење и ќе си седиме в автобус, и јас и викам ајде важи, и појдовме ние свршивме работа купивме јадење, се најадовме се како што треба и едно време не фатила дремка и сме заспале и двете, а ваму класната паничи кутра вдовица косите си ги кубела ѕвонела по телефони, не барала, а ние таше! Си спиеме мирно насмевнати ко со сите 5ки да поминуваме. И потоа, после 2 часа, го слушнав некако телефонот и кревам цела сонлива и викам Алоо? и класнава вика Ало а? море сега ќе ви кажам ало каде сте вие животот ми го скративте цел ден ве барам, и јас и кажувам ние сме в автобус спиевме, а професориве да ти стоеле пред автобус и никако да му текне да влезат да видат да не сме тука, и оп вратата се отвора ние ко холивудски ѕвезди излегуваме главата горе, абе ко на црвен тепих да сме...Ах што пеење окркавме тој ден....
Mене ми се случи истото , само во кавадарци , јас и другарка ми тргнавме во шетање заедно со другите деца , и на нас ни се пријаде ,отидовме си купивме нешто и си го шетаме градот сами .... и коа ми текна дека не му кажавме на наставникот , беше ужас , ни викаше ,беше
Отидов во продавница да си купав новчаник и мислев дека е 150 ден. а всушност бил 350 погрешно сум разбрала,и го вратив. брукиии
Си изнајмив бубица за испит, ама дома кога пробав дали функционира имаше проблем многу слабо се слушаше и му се јавив на детето кои ми ја изнајми. Тој почна да ме убедува дека се е во ред, намести вака намести така и истата вечер јас му ја вратив. Испаничив цела и почнав да плачам потоа, ама не пред него. Добро е што детето не избувна и не изгуби трпение. Ми врати само пола од парите и така
додека чекав во болница, седев кај службениот влез и цел ден од таму сакаа да влегуваат луѓе ама не им дозволуваа. и така седам јас сама и еден човек влегува и јас да се направам фина да не му цркаат му викам господине не дозволуваат да се влегува од овде. тој ми се врти и ми вика а кој ве праша вас нешто? иии леле ќе пропаднев в земја многу се усрамив ( во право беше човекот никој не ме праша) уставри он со една сестра се договорил да влезе од таму да и даде некои документи.
Излегов на кафе и си седиме во кафичот, и ајде дојде време да стануваме. Го викаме дечкото за да му платиме и се погледнувам во ташна, новчаникот сум го заборавила . И на крајот другарка ми плати за мене
Сабајлево.Донесоа некое писмо за баба ми а,јас со брат ми сама.Јас бев во 45 сон а,тој гледа телевизија.Ѕвони поштарот и: -Добро утро.Сам си ли дома? -Да со сестра ми сме дома. -Постара е или помала? -Постара. -Ќе може да дојде да потпише? -Ама,дада спие. -Ќе мора да ја разбудиш писмото не смеам да го предадам без потпис. Ги слушнав и Голден одма во акција да се облече.И одам да потпишам. -Каде да се потпишам? Човеков ми покажа и се попишав и ајт здраво.Ама цело време ме глеаше.Коа се погледнав во огледало видов шорцевите наопачки облечени и косата како струја да ме удрило.Не да се обрукав..
Имаа многу случки.. 1. Бев 4 оделение и се бркам со другарка ми да ја фатам околку дрвоти и имаше вирчее а надвор деца врие.. и како што трчам се лизгам од калот и право во вирчето 2. Идам во кафич со другарка и го викаме келнерот да платиме и добро плативме и поседовме уште малце.. и поминува другиов келнер и му викам ај да ти платам и платив по втор пат и замина келнеров и другарка ми ми вика шо праиш?.. лелее мене коа ми текна и сеа како да му кажам да ми ги врати парите ? и ајде го викнав и му викам ама јас платив и погрешка на тебе втор пат пак платив и ми ги врати парите.. абе брукии 3. Ајде ќе идеме со другарка ми во град со штикли јас и викам срамота е а она упорна не е срамота и викам неможеш да идеш со тие штикли(18 цм и се ) а она можам јасс навикната сум.. и отидовме у град и неможеше да иде, сите у нас гледаат, по скали неможе да се симне и нон-стоп застанував и и давав рака.. И седнавме у кафич и ајде сеа да си идеме и у ГТЦ кај нептун си ги соблече штиклите и идеше боса лелеее ја сум се газела од смеење и дури викаше по мене ајде побрзај, а јаа готово бруки еј.. си поминува низ главна боса и така до југодрво автобуската боса, си немаше ич гајле а јаа умрев од срам 4. Ова беше пред 3-4 год. идам со мајка ми накај битпазар и ги носеше нејзините нови панталонии.. и имаше една продавница али за да стигнеш до неа треба да се качиш на 6 скали и мајка ми госпожа се качува на скалите и оп, трас доле и коа глеам на коленото огромна дупка и ајде одма дома си отидовме и морав да идам пред неа за да не и се глеа дупката на фармерките.. имам и други мои случки вакви, али не ми текнува..
Последен пат се избрукав кога бев на роденден оваа година крајот на април .. Другаркава го славеше во двор роденденов .. и по некое време сите станаа играа фудбал машките а женскиве одбојка ама мене не ми се играше и си останав да седам, арно ама едно време почнав да се нишам на столчево и само се слуша ТРАААСС.Настана штама сите вперија очи во мене а јас поцрвенев до уши па и во незгодна ситуација паднав ( e баш вака се нишав и само на назад паднав со раширени нозе ) ..абе ко сватија шо се случи легнаа на земја од смеа , буквално е така и одвај станав тргај за раце кревај столчето абе никако не ме кренаа и после 465148562 обиди успеаа Едит: ми текна уште нешто .. ова беше пред околу една година ко бев уште играорка,и сега ден пред концерт да имаме дојде една другарка и ми вели, пинки брзо излегувај немам балетанки ај ај брзнии и ај излеговме,незнам со кој ум влеговме во "се за 69ден." и рековме демек некој ни рекол дека од таму купил балетанки јас се газам од смеа а оваа се вцрви до уши и одма излеговме демек ми звонел моб. па потоа појдовме во една продавница па сто пати таму се вративме се ценкавме за да ни дај попуст 50 денари пу резили т.е. смислувавме планови ццц ама на крај овие не слушнале кај што се договараме шо да речиме за да ни дај попуст па одма ни се појави тука..аха сега шо прајме???значи такаа сте се договарале вие цело време а? (ова го рече та шо не фати продавачката) и со брзината на светлината исчезнавме
леле 07.03.2013 .....какви бруки,тој ден се договоривме со разредот да одиме да и купиме поклон на класнава,и сега јас и другарка ми имавме некоја точка за изведување (тој ден ни е патронатот на училиштето) и завршивме,одиме друштвото не чека во еден како маркет на два спрата,и влегуваме јас и другарка ми внатре и доле е за храна,и сега сакаме горе да одиме со тие подвижни степенки,и вака на десната страна се тие за горе а на левата тие за спуштање,и ние се замисливме и наместо на десните одиме на левите ние нагоре а степенките надоле,хаос..се избрукавме убаво е вака нешто беше
Последен пат кога се обрукав беше пред многу луѓе меѓу кои беше и едно дете што го свиѓам. Бевме во сала и гледавме натпревар и топката на тие што играа летна накај мене и ја станав да ја земам, но дека почнаа да играат со друга топка и немжев да им ја дадам да не им сметам и еден човек ми ја побара да им ја однесе и како што му ја фрлав си го фрлив и телефонот со топката и телефонот на 3 делчиња ми се распарчи на земја и сите почнаа да ми се смејат.
Еве и јас да Ви раскажам една смешка... Бевме на венчавка и на крајот на венчавката, семејствата на зетот и невестата стојат до излезот, се поздравуваат со гостите и ги почастуваат со благо. И одат прво моите излегуваат, јас последна и им викам на родителите честитки, честитки, си зимам благо и ставам во мојот танир и кога стигнувам на крај, гледам дека сестрата на невестата има различни чоколатца и застанувам гледам што има таа, а немам јас... и видов cherry бомбонче, си го земав и викам честитки... Само што тргнав сфатив дека таа не дели чоколатца, туку тие си се нејзини, само си стои до родителите... И за да биде бруката уште поголема, се враќам назад и викам извини ова било твое и го оставам назад, а таа ми вика "апни си го ако сакаш" . Не за друго, ние бевме од страната на зетот и прв пат ги видов луѓето, ама и последен зошто не се во мојот град... А и не сум мала бре луѓе за да се глупирам вака!
Последен пат најмногу се обрукав кога бев во дискотека у милениум прееа енерџи бенд а ја тогаш прв пат ги слушав во дискотеката имале некоја си песна снема струја и ја нагласија на микрофон и ја се зачудив и јас избацување и викам како не снема струја кога светаат светлата лелее викам што кажав се и сите се уѕвериле у мене а јас се укопав у земја од срам
Кога појдов кај него, седнавме да јадеме шпагети и се излигавив пред сестра му и пред него. Ајде пред него не ми е незгодно, но пред сестра му излегов дебил.
Бев 5 одделение сите 5-ки,одлична ученичка,најдобра во класот.Се зафркававме на час со мојата најдобра другарка и на шега,ја скубнав за косата...учителката ми се развика : што ти ееееее ??? Алоооооо ненормална ли си ??? Ја болииииии !!! Дојде и ми ја врза една. Не разбрав зошто.. А другарка ми плачеше од смеење..се вкопав в земја...реков отвори земјо уста,голтни ме.. И денес се вкопав на фитнес.Имаа пуштено гласна музика,и снема струја..ја знаев песната и пеев...занемарив што прекина песната и си пеев... Сите плачеја од смеење
Пред неколку дена, кога зборувавме со не толку блиски роднини, постари од мене, затоа што бев со мајка ми и татко ми и кажувавме нешто не знам точно што и бидејќи се зафркававме пред тоа со другарките наместо специјално викавме специлајно и јас кажувам нешто така занесена и наместо специјално си кажувам специлајно кога ми текна што кажав ќе се убиев, а тие ме гледаат и не можат да прекинат да се смеат.
На матурата пред речиси една година . Имено ни јас знам ора и танци ни мм , ама матура ни е , мора да се поигра малце ,ме намоли мм за еден валцер , ама толку сум несмасна , го потеков човеков , го испогазив со штиклите , ај тоа , кога дојде редот да и дадеме поклон на класната и да се поздравиме со неа , хулахопките ми се фатиле на шајка ли штознам на што и едно кррц и гледам дупка на задниот дел на коленото се поздравив со класната и правац тоалет да ги соблечам хулахопките ..
Пред неколку дена патував за Скопје. Седев позади, автобусот се преполни и до мене седна еден човек со мало дете. Јас си седев со слушалки во уши и си гледав низ прозорец кога одеднаш... верувале или не, се засркнав со плунка. И почнав да кашлам и да испуштам некои чудни звуци како ждригање само не гласно фала богу. Сепак доволно беше да посакам да ме снема од тука.
На вечера во ексклузивен ресторан со пријатели, на излегување по скали, веќе ја поминав и последната скала, стапнувам на рамна површина, веројатно не беше баш рамна платформата, сигурно имало некоја дупка, мислам дека беше бетон, ми се преврте штиклата и паднав. Колку сум се усрамила, башка луѓето не ми беа некои блиски, за срамот да биде уште поголем.
Прееска на излагање од продавница кога се фатив пред сите да ја отварам вратата без квака од левата страна (си викам кај ли е кваката на оваа врата), а кваката е од десната страна. Happens pretty often