Пред 2 недели на мајсторот за колата му се јавив у 9 навечер и почнав да му објаснувам за камионите што му ги купив на син ми. Мислев со маш ми зборам.
Пред два месеца бев на одмор во една земја каде не очекував да видам македонци. И кога поминаа два-три ден на плажа слушнав македонски и некако многу се возбувив и се свртев и им реков: ох имало и други македонци не сум само јас. И тие се свртеа само се погледнаа криво и ништо не рекоа. Јас ќе пропаднев в земја и цел ден беа позади нашата лежалка и многу ми беше незгодно и сеуште ми е кога ќе помислам на тоа.
Со колешка она паркирана пред силбо јас идам купувам и место во нејзината кола влагам во друга и машко внатре јас не приметувам уште и објаснувам како ме нервираат гужвиве и почнувам да објаснувам зашто не вози.. И кога го видов дечкото На работа сум отишла со блузата наопачки и тоа премногу се познаваше.. До ден денес ме зафркаваат против уроци
Чекав такси на улица ми рекоа ќе дојде демек одма .. јас испаднав и дремам 10мин, и гледам од доле иде такси а од позади на седиштата гледам некои си кеси си викам оваа не е сигурно за мене. Чекам 1- 2 мин гледам никој не излегува и одам и фино лепо си седнувам напред и шоферот само некако чудно ме гледа, а оно комшиката да ти седела назад (требаше да слезе, појма немам како не ја забележав). И, комшиката од назад ми вика ти да не се качи во погрешно такси и таксисот вика да нема никој др со оваа такси. Се посрамотив за сите пари и гледав што побргу да испаднам... Бев во основно училиште имавме физика се сеќавам и јас се лулам со столчето и не се замарам си кулирам ... и си велам ајде сега вака како што се лулам да ги ставам директно нозите на клупата, да видам како ќе стојам со столчето. Наеднаш како ми се лизна столот кога се растрештив веќе на памет не ми падна такво нешто.. (Не знам што сум мислела тогаш). Моментално не ми текнуваат други бламови, а знам дека ги имам многу. Кога ќе ми текне одма пишувам друг..
Брука на векот бев во втора средно , кога одејќи накај влезот од училишната зграда фино лепо паднав директно на грб ( зима беше , а под снегот да ти имало дебел слој на мраз ) . Ај тоа , еден дечко притрча да ме крене , па и него го повлеков и јас по втор пат паднав , а тој падна поради мене . И така , си се обрукав убаво , го обрукав и дечкото , бев мета на смешки на половина училиште некои 3 дена ... Али затоа после кружев од другиот влез . Исто во средно , кога професорот кој важеше за најстрог ме виде како се бакнувам со дечкото . Не ми рече ништо , додуша и млад е човекот , ама незгодно ми падна . П . С . Патем , професорот беше тргнат во мојот клас на час .
Здраво јас сум нова на форумов и посебно се зачленив за да пишам како се обрукав што до ден денес ми е срам кога ќе ми текни Бевме на свадба обично не чести невестата со чололатца ете тогаш таа честеше по маси и сите си земаат чоколатце оставаат пари.Кога дојде кај мене јас си зедов паре Моиве ееј ејј чоколатце се зема вика не пари! Умрев од срамој
Минатата сабота. Имав порачано елка и лампиони ,ама не очекував во сабота во 17 часот да стигнат. Ѕвони број мм подавајќи ми го тел му исклучи и одма ми стига порака имате пратка.... Се јавувам јас на бројот викам извинете додека го земав телефонот сте исклучиле. Тој вика не госпоѓо вие одбивте и јас целата а може па полначот ми беше на телефон па додека да го откачам сум добила по грешка ,туку ќе дојдете ? Којзнае што помисли човекот.
Често ми се случува да не можам да го контролирам смеењето во ситуации кога е крајно неопходно да се контролирам Колку повеќе се воздржувам толку посмешно ми станува. Исто така, пред неколку недели си купував цигари од трафика. Ај што морав да плаќам со ептен ситни пари (да не речам денарче по денарче) бидејќи во моментот немав ама баш ништо ситно... ама и ги истурив парите и неколку минути ги собирав на тротоарот.
Пред 3-4 години може, кога се земаа брат ми и снаа ми, дојде братучетка на татко ми да им честита и да им даде поклони. Јас женава од мала ја немам видено, и седиме собрани сите и она ги подава ќесичките и вика: еве ова за тебе (на брат ми) а ова за малата, и јас ко одвај да чекав, кога се истопорив цела насмеана, си ја земав ќесата. Женава ме погледна малку зачудено, а сите други ми се изнасмеаа. Ова исто пред 2-3 години, се шетавме со бившиот кај него во населба и едно девојче многу ми заличе на сестра на колешка. Јас насмеана, и викам кај си бе ти, што правиш, ја изнагушкав, и она мене ми се насмеа, ме гушна.. Тука следуваше уште ред-два муабет и наеднаш сфаќам дека нешто не е во ред, ја загледувам и и викам чекај чекај.. мислев дека си едно друго девојче. Не знам уствари што точно и кажав, зошто толку се усрамив, во земја ќе пропаднев. Ама фино испадна девојчево, си се насмеавме на крај и си продолживме. Некои понови случки не ми текнуваат.
Пред некој ден во банка, завршив работа на шалтер и од брзање не приметив дека место да одам кон излезот јас одам кон трезорот (или што и да е). Се свестив кога видов огромна железна ограда пред мене и во исто време слушам жената од шалтер ми вика. Ама ептен беше збунувачки само еден зид имаше на средина, јас место лево од зидот, десно фатив.
Пред повеќе од месец дена одам во кам да земам нешто за грцкање па не зедов корпа. Али таму ми текна дека немам направено ручек ај зедов кобасици и јајца гледам мандарини ги оставам над фрижидерот јајцата и кобасиците и полнам мандарини во кеса за миг се створи гужва еден човек од 2м застанал до фрижидерот а ја му викам може да ги земам јајцата и кобасицата он се поцрвене сирот и ми вика епа може земиги твои си се мене ми текна што лупнав зедов набрзина о џом да ме нема на каса.
Вчера. Правам проверки низ торби на работа и влезе една девојка и место да кажам “ Може ли да ја проверам твојата торба”, јас кажав “Може ли да го проверам твојот задник” Абе ме изеде срамота. После двете се изнасмеавме.
Е ова нема да го заборавам никогаш Се шетавме низ градот јас и моите две најдобри другарки, и едната другарка вели "Ауу погледнете го лепотанов (покажува накај него)" Се завртев јас да го видам. Арно ама не видов дека пред мене има знак, па кога се залепив за знакот . Видов и лепотан и сите ѕвезди на број Ама морам да признаам дечкото беше бомба (среќа па не ме виде како се изглупирав)
Си шетав и сретнувам една школска пресно мажена и имаше детенце. И зборувам како е бла бла муабет и викам колкаво е детенцето и таа ми вика полни 17 месеци и јас еее маленко е нема ни една годинка, таа така чудно ме погледна, а јас се почудив што бидна сега, така се разделивме и кога ми текна што кажав брука...
Па идејки во продавница да купам нешто, имаше еден дечко и ете јас гледајки го него се сопнав баш пред него. Си реков сега најде ли дамо црна да се сопнеш смотана следен пат пази и гледај убаво пред тебе
Вчера во маркет,жена ми отстапува место на каса јас наместо фала и се вртам и и викам имаш само кафиња ситно нешто оди ти пред мене ,она само се насмеа и кажа не повели јас се засрамив и гледав напред да одам што побрзо она одеше зад мене брука невидена сум