Пред една ипол година се договорив со еден тип да искочиме заедно и ме зеде од дома и јас да влезам во автомобилот си ја удрив главата од вратата и се посрамотив многу
Сега пред 10 мин. Цело сабајле по вруќиниве пазариме со дм за одмор а јас немав јадено ништо од вчера само на едно кафе сум сабајле. Сега во последниов маркет влегуваме да видам некое млеко за сончање и успат една пршута видовме и ја зедовме и таа. Ги гледам млекава ама не ми праеја нешто ќеиф и му викам на дм не ми се свиѓаат ајде одиме... и како што излегувам(е) си праам јас муабет мислам со него ко ќе се свртам го нема и влагам викам кај си и туку гледам во едната рака го држам млекото за тело не сум го врљатила на рафт, со тоа сум излегла неплатено и уште се вртам панично каде е. И тој од каса ме гледа вака врати се ми вика ќе го земаш? И сите вработени во мене гледаат и ја од паника еден точак внатре имаше уште тој некако го турнав и почна да паѓа и една од вработениве го крена на нога ми беше. Абе бруки кај заборавив дека и пршутава ја имавме за плаќање само си излегов па и уште кога видов млекото во рака го држам ми идеше во земја да пропаднам ама бидна... како се изгубив така не знам
Синоќа на работа влегува една во црн фустан и мерам температура и ја пуштам. После десет минути влегува друга( ми се виде истата девојка) и ми вика “Хај” и јас и викам “ Хај” и ми вика “ќе ми измериш температура?” Јас и велам “ Сега ти измерив пред десет минути”. Таа ме гледа ми вели “Јас сега дојдов”. И јас велам “ Па како, па кој дојде?” И сконтав дека и претходната и оваа носеле иста боја фустан,иста должина,исто врзана коса. Ми се виделе како една девојка, кога не фати едно смеење
Имав потреба за магнетна резонанца. Ама ковид фати никако да ми закажат, јас со болки, одам во приватна клиника, ми викаат 700 евра еден час трае, како прстен е гравитира околу тебе. Јас врзување во крпче, мм наоѓа термин за на др место, оти 700 евра беше многу, ама требаше одма дента да одам и немав време да се спремам. Одам таму, сестрата вика легни, легнувам. Сеа ќе те пикнам внатре и нема да мрдаш, и јас ја гледам машината не е прстен него тунел. Почнува да ме пика и сфаќам дека главата нема да ми излезе од другата страна и дека ќе бидам заробена. Почнувам да викам "вади ме! Вади ме, ќе умрам!!!" Женава ме вади вика има проблем? Жено главата внатре ќе ми биде?? Вика да. Леле ќе умрам! И таа вика абе пред тебе се снимаа 10 души денес ајде влагај внатре. И ајде втор пат да пробаме, ме пикна и таман она да излезе почнав да викам, омодрев како патлиџан, почнав да плачам и да се влечам со рацете накај излезот од тунелот, а дека косата ми е до половина, тоа личеше како Самара од телевизорот кога излегуваше во ринг филмот и така лејдис анд џенЦ дознав дека сум клаустрофобична на 27 години.
Ауу пред некој ден во маркет . Немаше на рафтот памперс за цуца моја , и ја прашувам вработената : " Извинете , може ли да проверите дали имате памперс Тани шестка , на лифтот нема .. " ? Таа ме гледа , јас ја гледам , таа ме гледа и прснуваме од смеење . Кога дојдовме на себе , разбрав дека доколку нема на " лифтот " во магацин не чуваат големи залихи и 99% значи дека воопшто нема .
Одамна беше со мажот ми бевме на кафе во еден кафич и да станеме некако од ногарките се сопнав и паднав пред сите.
Ова ме потсети на едно мое (за малку) обрукување... Се сопнав на тие 2-3 скалички во кафичот, така што воопшто не видов дека ги има (не бев пијан жими се), и ми се случи оној момент да ми отиде ногата во "празно"... И не знам како ја извртев некако и почнав да се лизгам на скалите со нозете како да се лизгам по стаза и така ги поминав и се симнав од нив безбедно на нозе, мафтајќи со раце за да одржам баланс. И само слушам како друштвото вика: "Оп, оп, по, по, полеекааа". Нешто вака, само на скали и без паѓање, и без штикли, секако. Погледите секако ги имаше, ама барем не беа толку страшни како да се исклештев таму колку сум висок и широк. Среќа, во несреќа сепак.
Пред месец ипол и нешто на факултет со другарка. Не и беше продужено здравственото осигурување нешто, а праќале листа од факултет за редовни студенти и автоматски продолжувале, па да праша зошто не и продолжиле неа. И неа и било срам да прашува, па ме тераше мене да прашам, па она ќе се надополнела со мене . Бидејќи уште беа летни одмори, празно скоро беше во студентска служба, па видовме една жена и мислевме вработена е, па ја прашуваме така кај да се обратиме, не слуша уште детално така 2 минути дур и објаснуваме се како што е проблемот. На крај ни се изнасмеа и вика не работам тука, за упис за синот дојдов да прашаме, нешто проблеми има со електронски упис, колку знаете вие, толку и јас. Зини земјо да пропаднам...
Денес Седев во канцеларија и нешто тесни ми беа панталоните ги раскопчав со се патент. Одам во кантината куварот од далеку "закопчи си ги панталоните " се дере сите го слушнаа освен јас занесена. Тој пак "еј тебе ти викам закопчи ги панталоните" Дури разберам дека мене ми вика цела кантина ми џареше во виолетовите гаќи со точки. Капак на се, и еден идиот колега искоментира "од кај идеш ти вака раскопчана"
Откако сум бремена имам гасови, како балон невиден сум. Само одам и прдам. Тивки се ама смрдат страшно, на расипано нешто. Цело време си седам со ќебенце дома и ги загушувам, да не се шири реа. Арно ама овој мојов, абе само што ќе прднам, ете го дошол да ми каже нешто, да ме праша нешто... и сега последно, само што прднав дојде и без да ме предупреди ја пикна главата под ќебенцето да го бацел бебето сам себе убио уште се смеам... а едно незгодно, 6 години немам прднато пред него сега ризик јак, мила душа, и да загинам мора да прднам, не се држи.
Секогаш кога ќе мафнам со рака мислејќи дека и другата страна ме гледа и ќе ми возврати, а нема да ми врати, е тоа се случува пречесто
Од куќни пријатели, синот им се верил. Јас со девојката негова се знаев онака покрај него, ама скоро 3 години не сме се виделе. И есента беше, идам со другарка у кафич и ја гледам нејзе и викам ајде да одам да и честитам, сепак ок однос сме имале. И одам ја цела таква насмеана, ја гушкам и честитам и гледам она малку бледо ме гледа, збунета цела и ми вика абе јас не сум се верила, нешто грешка да не си. И јас бев цела вдф како, татко то на Х се јави кажа дека сте се вериле . И на крај она ми кажува дека тој се верил да, ама не со нејзе. Раскинале пред 2 години. Леле и жал и страм ме изеде, посакував да не го направев тоа, ама бидна веќе. 10 пати и се извинив.
Ова беше за време на онлине настава,лани Имав физика и ни даде да решаваме задачи а ја пошо ништо незнаев(дека не учев )си дремев на телефон и се допишував со другар(и така малце навредливи зборови употрбувавме),арно ама ме крена наставничкава и ми вика да споделам екран од тоа што сум решила и ја паметната нагрешка го споделив вибер четот и сите пораки се гледаа и нормално женава прочита и после тоа ме фати ОГРОМЕН СРАМ и не се вклучував една недела на наредните часови физика (Другар ми ќе ме убиеше замалце ) Може малце е глупаво ова ама навистина после тоа веќе ми беше срам да ја погледнам жената во очи
Втор дел. Вчера имав цел ден гасови. Како и претходно, мн јак непријатен мирис. И цел се туфкам низ соба, пуштам по малце да не се осети. Не можам да одам до вц за секој гас, затоа што сум веќе голема и бавна и многу тешко бавно се клацкам до вц. И пред да легнам вечерта му напоменав на мојов дека легнав да не влегува во спална. И он само ок рече. Он спие во дневна дека нема место и мислев дека тоа е тоа. Легнав, се опуштив и се олеснав. И ете ти го овој забораил пешкир ќе се бањал. Влегува и ми вика: Ау, што мириса вака?! Како да ти кажам бе друже... и викам како? (Уште будала се правам) и вика на здивови Значи цела населба ме слушаше од смеење. Здивови и беа друже, ама не од уста, него од газ. Sex life left the chat, forever and ever.
Прошлиот месец на новото работно место направив лапсус. Имено,на старото место чешмите во тоалетот се со сензор, навикната сум на нив зошто почесто одам,ама на новото работно место си имаат рачка за затворање и отворање на водата. Прв ден јас си терам ден, попладнето бев во веце,па патрола па си јадев и станувам кога гледам вода кај фрижидерот. Си викам од кај водава??? Да не е од фрижидерот - отварам гледам се е океј. Кога искочив од кујната вода низ цела рецепција,тоалетот плива. o Чешмава тече ли тече водопад Паники 300 Бубо глупачо една си ја заборавила чешмата. Барам метла нема, се јавив кај дм викам човек и вака јас ова ќе го пријавам тоа е. Се јавувам да пријавам и му велам на тој : “Овде има многу вода од тоалетот доаѓа,дали можете да дојдете”. Ајде дојде тој,почнавме да чистиме и ми вика “ Нареден пат не викај има многууу вода ја мислам водопад паѓа од кровот”. Кога падна еден муабет за Македонија За Скопје,за јазикот пола ми се опрашта. Памет за друг пат.
Пред 15 минути.. Си излагаме друштвото се супер, доаѓа еден пријател и тој ја крева раката да се поздрави со пријателот зад мене и јас лагано си ја пружам раката и тој така ме одмина се поздрави со пријателот и јас си ја спуштам раката и после пак ја кревам и тој ме гледа и останав со раката во воздух и тоа пред сите Зини земјо голтни ме... ми иде да се закопам жива под земја 10 метри