Кога ме прашаа на работа дали имам некоја желба ? и реков да сакам порше ,зашо? мислевме околу датумот за одмор .. ми доагаше да ја запеам плаче ми се али несмем навико сам тако хахаха
Пред некој ден во лифт со комшиите. Новодоселени сме и уште не ги знам добро комшииве. Ме прашува комшивката како се снајдовме, со комшиите дали сме се запознале, да се дружиме. Викам одлични се комшиите, само еден малку намќор е, од трети спрат изгледа бил, кога реновиравме му мрчел нешто на маж ми. Ми враќа, маж ми е, малку терсене е, извини, си го знам јас, за се мрчи. Пропаднав во земја.
За среќа, ретко се брукам, последно или барем во последните неколку пати беше лани, за Black Friday. На Вибер ми имаше стигнато порака за попусти, само не знам од Natura therapy ли беше... Така нешто. И гледав видеа на Тикток, ми беше интересна една песна што ја слушнав, за чешит, и отворов YouTube да ја побарам. Ја најдов, песната да паднеш на газ, оваа: Го копирав линкот за да го пратам на либе ама некако ми се стегна да го пратам на Вибер, на Natura therapy. Да е уште појако, не можев да го избришам, да направам remove, не знам зошто, дали тогаш немаше таква опција, дали дека на фирма пратив па не можеше да се избрише или па јас не се снајдов, важно си остана линкот пратен кај нив. Се смеев сама на себе, пораката беше за попусти а јас им пратив песна со наслов Ево џепа џе су паре биле, каде што се пее Нема више пара. Прво ми беше незгодно, после ми беше смешно.
Се заглави вратата во тоалетот кај што бев т.е не видов дека кваката/рачката била скршена од внатре, а од надвор го имаше делот најнормално. Влегов, се затвори сама вратата и нема квака како да отворам. Влечи преку вратата од доле кај што има простор, пробувај нешто, се изпоизгребав на железото кај што нема рачка и никако, нема шанса да се отвори вратава. Требало да дојдат мајстори да поправат, но немаше никаде залепено ливче "не влегувај во тој тоалет". Гледам 1 минута нема шанса да се отвори никако ова, ме фаќа паника, а нема никој друг у вц-то, скроз сама сум, земам да лупам, тропам по врата, со надеж дека некој ќе дојде и ќе ме слушне. Доаѓа некоја чистачка за брзо за среќа и вика "што се случи девојче, што е"? Викам "па вратата се заглави, рачка немало од внатре, никаде не пишува, некако кршете ја врата да излезам, нема шанса тука да останам долго, викнете некого ако не, да ја кршиме вратата, што да правиме?!". Јас преплашена, 300 паники си направив дека тука ќе останам со саати, драми правам. Женава отвара од надвор само за рачката и вика "ете готово, немаше потреба од кршење" и така ме гледа чудно и прашува како сум се затворила, нели сум приметила дека нема квака. Приметив ама касно беше. Се избрукав ама стварно паника ме фати.
Истово ми се има случено. Може и на истото место да е Па дури едни идиоти ми се изнасмеаја, ко јас да бев крива што однатре немаше квака.
Правам муабет со главниот шеф на работа, да се договориме од кога ќе сум пријавена и да кренам на работа.. И ми вели тој пушти ми лична карта на вибер и сметка и штом те пријавиме ќе кренеш на работа.. И јас пуштам фино лепо,се доразбравме и таму пишувајќи и после неколку минути ми текна да го видам на слика каков е... И несакајки му звонев со видео call.. Па и тел се шекна неможев да исклучам одма.... Ми се идеше во земја да пропаднам....
леле слично ми се има случено само не со шефот катастрофа ми е на вајбер што одма се уклучува кол после и немав како да објаснам морав да го блокирам
Мене кај наставничката на син ми ми ѕвонеше така . Среќа имам мало дете па реков дека ѕвонела играјќи си со телефонот .
Пак јас Денешна случка уште се смеам хахахха Од работа ме пратија на систематски преглед, и ајде ваму таму средивме листи пополнување и докторката ми вика -оди од предниот влез ќе те викнеме за преглед и ми дава дукументи И јас одам, чекам и отвара докторката врата и ми пружа рака, и јас смотаната и пружам рака за здраво а она дукументите ги посега да ги земе.... И нишо останав така и таа : Е ајде здраво шо можеме и да се поздравиме хахахаххахаха И се поздравивме хахахаха па сама се смеев во ординацијата ххаха
За жал таму каде што ми беше најбитно .Пишев со еден дечко и тргнува муабет се запознаваме и јас незнам да се поставам кога сакам да испаднам најкул највеќе оплескувам .И се фатив за хороскоп вика бик бил му викам јас водолија и му пишам и година дата месец се по ред кога сум родена .Оставам он да го води муабетот и на сеен го оставав незнаев како да му завртам муабет и он некако ај низ цел муабет кој сме што сме се разбравме и на крај ја оплескувам он нешто ми бара слики ми вика не си гола тука ме збуни и јас му пишам па во пижами сум хахаха.Он сакал да каже нешто да ме види во некое издание секси а јас кутрата во пижами демек како гола не се секирај хахаха.Катастрофа невидена и се заради тоа што не умеев со него да разговарам од трема и притисок ми се створи може сфатил или којзнае што помислил за мене
Му беше роденден на чичко ми и дека тој го обожава фб ај да му честитам оти знај да се налути. Му пишам ја ај среќен роденден ставам срциња и тората, ама наместо торта јас му ставам го*мно... Без да приметам му го ставам тоа на профил и испаѓам брзо од фб.... Дури по неколку часа ми се јавува братучедка и ми кажува шо сум направила.... Пропаднав
Во продавница. Барајќи лампиони да си купам, истуркав кутии некои и пола луѓе во маркет се свртија поради звукот што го направија кутиите и ме видоа. Среќа не скршив ништо. После набрзина отидов да платам на каса и излегов од продавницата. Несмасна...