1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога картите ќе се отворат

Дискусија во 'Врски' започната од DAngel, 3 јуни 2018.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Читав пред некој ден една трогателна приказна за една жена која била жртва на семејно насилтво од својот маж. Според нејзе, нејзиниот сопруг бил фин, нежен, заљубен, се додека таа не ослабела 20 килограми. Тогаш сè се променило. Одеднаш почнал да се сомнева дека го изневерува, дека го лаже за секоја постапка. И го контролирал секој нејзин чекор, ја терал да се "пријавува" каде оди, што прави, да му праќа докази дека навистина е таму.
    Линк до постот за да не ми ја избришаат темата пак, да не мислат дека измислувам:
    https://www.boredpanda.com/domestic-violence-story-krissykross/

    Сте биле ли некогаш во долга врска кога однесувањето на вашиот партнер нагло се променило поради некои околности? Може ли да се предвиди тоа претходно? Постојат ли суптилни знаци кои навестуваат на тоа? Дали може да се избегне ескалирање на ситуацијата? Дали жените кои се во таква врска имаат сила да се борат, дали се доволно ментално јаки да го препознаат малтретирањето или се обвинуваат себе си за ситуацијата?
    Знам многу такви примери, луѓе кои биле со години во врска и потоа од една или друга причина оваа врска/брак преминува во насилна, нездрава околина.
    Мислам дека е сосема фер, кога веќе ја начнав темата, да ви ја раскажам барем мојата приказна:
    Бевме во врска повеќе од 4 години. Тој работеше - јас студирав. По излегување од факултет веднаш се вработив. За 3 месеци веќе земав поголема плата од него. Тука почна пеколот. Почна да се сомнева во мене, да ме контролира, да не ми верува. Да внимава на секој мој чекор, да се лути кога нема да ме види, да ми префрла од неговите обврски и да ме прави неспособна ако не стигнам да ги завршам, да ме контролира и кога се туширам, да ми ја потценува работата. Ситуацијата ескалираше 2-3 месеци подоцна. Ме остави со мисла дека сум неспособна, дека никој нема да ме сака никогаш, дека немам што да понудам за една нормална врска. Дека јас сум крива за се што се случило.
    Дали сум можела да приметам и порано дека нешто не е во ред? Најверојатно сум. Дали су била јас крива за било што? Апсолутно не.
    Зборувам сега, затоа што знам многу луѓе кои се во вакви врски. Се надевам ќе споделиме искуства, животни приказни, совети. Се надевам ќе помогнеме на многу девојки да познаат дека се во насилни врски и ќе им дадеме храброст да реагираат. За никогаш да не се повтори!
     
    На Dust, Joi, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Сум била во насилна врска.
    3 години бевме заедно, од кои 2 и пол се обидував да се отарасам од него.
    Еден од најлошите периоди во мојот живот. Помош не добив од никого, иако сите мои блиски роднини и пријатели знаеа што се случува. Ме советуваа да го избегнувам :?: Како да избегнуваш некого кој буквално те стокува каде и да одиш, што и да правиш? Не пријавив во полиција, ми беше страв, а и криво ми е (од денешна гледна точка), што моите не пријавија.
    Беше пред 20 години, а долго после тоа имав проблем со доверба во машкиот род.

    Насилството не почнува од првиот ден. Прво има испрашувања, суптилни забрани и ограничувања, и сето зачинето со периоди на раскошно покажување љубов. Буквално, перење мозок.

    Првиот пат кога ми залепи шамар, бевме во центар на град, со уште 5-6 другари и другарки и полиција на 200 метра од нас. Овој ме држеше за раце, не можев да мрднам, бев преплашена, расплакана и викав на глас. Буквално ги молев 'другариве' да ги викнат полицајците. Ни 'другариве' спречија или ги викнаа, ни минувачите, ниту пак полицајците обрнаа внимание (а се' ми се чини дека бев доволно гласна да чујат).

    Денес, ако видам насилство, обавезно пријавувам во полиција.
     
    На Dust, Milobebence, Joi и 6 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Никакво насилство, освен љубомора, не видов во твојата врска...и штом те оставил, значи дека не те ни сакал доволно, можеби затоа и така несоодветно се однесувал.
    Што се однесува до темата, убава тема навистина..младиве се се повеќе во такви насилни врски...
    Имав на времето и јас една таква врска, но насилството започна откако јас барав да прекинеме, сакав да раскинам, да се оддалечиме...и тогаш почна пеколот за мене..следење на секој чекор..ако бев во друштво ќе дојдеше и ќе ме фатеше за рака и ќе ме одвлечкаше, се тепаше со секој мој другар, мој дечко, со секој што ќе му се спротивставеше и ќе застанеше на моја страна..
    Година помина, море од солзи прелеав, дури помислував и на најлошто оти веќе таков живот беше неподнослив....Решението беше со родителите, со братми..и соочување на фамилиите....

    Триста перипетии додека дојде мирот, но затоа скам да им дадам совет на женските...ВНИМАВАЈТЕ, МАЖИТЕ СО ВОЛЦИ СО ЈАГНЕШКИ ГЛАВИ..понекогаш.
     
    На Milobebence, DAngel и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    1. Не е муабетот за мојата врска.
    2. Не ме остави, го оставив.
    3. Три години подоцна се уште се обидува да ме врати. Ни фактор што сум речиси пред свадба со друг, ни тоа што искрено му имам кажано дека го мразам, ни тоа што никако не прифаќам ни да се видам со него не помагаат едноставно да сфати дека не ме интересира.
    Можеби други елементи на насилство не сум ги кажала затоа што не сум се чувствувала удобно да зборувам за нив.
    Целта не ми беше да се жалам, целта ми беше подигање на свеста.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ок, извини, погрешно разбрав..но ете, исто е и со мојата приказна..сакаше со сила да ја продолжи врската, плачеше ко мало дете, па ќе претеше, ќе ме тегнеше, пред куќа ке стоеше со саати, како некој манијак, знаеше да ме фати за гуша и да ме натера да му кажам дека го сакам..офф, многу др. грозотии....
    Грешката беше кај мене, требаше побрзо да реагирам, побрзо да се исповедам кај родителите..не требаше друштвото и новите дечковци да ги вовлекувам во расправии и тепачки....сепак постарите поинаку реагираат, потрезвено...
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Како да не реагирале потрезвено. Пишав погоре.
     
  8. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Сакав само да кажам дека насилството не секогаш мора да биде физички. Некој да те малтретира психички може да биде исто толку лошо колку и физички.
     
    На sparklie, Joi, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Точно.
    Бев и психички и физички малтретирана.
    А според тоа што читам исто и @baba Rada
     
    На baba Rada и RoseRain им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    моите им се бапнаа буквално дома, кај родителите на дечкото, ги затекнаа неспремни..они и немаа појма што нивниот син правел....да не должам, они си го подбраа(за моја среќа) и така заврши голготата.
    Но морам да кажам дека има премногу насилни типови кои немаат гајле ни од родители, ни од полиција, манијаци или психо луѓе..е од такви нема помош, тие живеат во свој свет и тешко на таа женска која ќе има проблем со нив...затоа има убиства, претепување до изобличубаање, силување и др...
    Отварајте очи девојчиња8-|
     
  11. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Сестра ми беше малтетирана психички.
    Дечкото додека беше во Македонија беше најнормален, најдобар што може да се замисли. Арно ама, поради желба за подобар живот замина во странство, а сестра ми остана тука. Тоа беше после две години врска и затоа решија да пробаат на далечина.
    Неколку месеци после неговото заминување, во исто време и сестра ми се вработи, тој почна со љубоморни испади - на почетокот сестра ми не го сфаќаше толку сериозно затоа што сепак тоа само на моменти се случувало. Иначе таа е доста повлечена личност и ние во семејството не бевме свесни што се случувало, дознавме тогаш кога ситуацијата ескалираше.
    Како што кажав, после некое време ситуацијата се влошила, тој почнал да и се заканува дека ќе ја убие, дека ќе не повреди нас - нејзиното семејство, беше љубоморен на нејзините колеги, се заканувал дека ќе го запали местото каде што работи ако го остави. После барал од неа да оди кај неа, да побегне од дома, да не каже никому (моите родители и така се противеа на врската од х причини), а кога таа одбила почнал да се заканува дека ќе ги убие нејзините колеги кои што исто така и беа блиски другари, и опишувал како ќе ги убива по ред, страшно.
    Се сеќавам навечер ја слушав како плаче во другата соба и никогаш нема да си простам што веднаш не ја натерав да ми каже се. Мајка ми зборувала со неа, таа и кажала дека плаче затоа што не може да се прилагоди на работата, па затоа и е тешко.
    Една вечер, сестра ми замина од дома, не можев да ја добијам. Се јавила на другарка и и кажала дека веќе не може да издржи, алудирајќи дека ќе си наштети себеси.
    Нема да зборувам како се среди тоа, како и да е, сега е добра. Тогаш татко ми и го зема телефонот, ја фрли картичката за да не може да ја добие, му кажа на дечкото дека ако дојде тука и проба да направи нешто ќе го убие и дека го пријавил во полиција.
    Овој ни тогаш не се откажа, преку другарки пробуваше да ја контактира, дури и преку мене ама без резултати. Едно време дури и доаѓаше во Македонија ама ништо не се случи за среќа. Сега мислам дека пак е таму. Како и да е, огромна траума беше за сестра ми, ни ден денес гледам дека се плаши од се и сешто, а и јас не можам да заспијам додека не се врати дома, дали од работа или од некое друго место, без разлика колку е часот.
    Сакам да кажам дека ако имате некојваков проблем, не молчете. И колку и да не сте блиски со семејството, зборувајте со нив или пак со некои блиски личности за тоа. Побарајте помош. Никој не заслужува вакво нешто.
     
    На smooch и RoseRain им се допаѓа ова.