Кога некој се прави мутав , така си се прави оти така му одговара ! Иначе разбира што му кажуваш ама така му е полесно да се прави наудрен
Како ќе му се испонашам на некој што ми се прави мутав зависи од ситуацијата. Ако ми се прави мутав за нешто важно или на сериозна тема може да му повторам до 3 пати, ако уште не сваќа и се прави мутав ќе го освестам со еден шамар и одма ќе ме разбере. Додуша и јас се некогаш правам мутава, најчесто на родителите. На пример кога сакаат да ме пратат до продавница, а мене ме мрзи и се правам дека не ги слушам
Зависи во која смисла мутав. Имав сокласничка сега се омажи од турска националност професорите и зборуваат таа зјапа како теле не разбирала македонски, а со мене ко зборуваше разбираше. Не знаела да чита а цел ден на телефонот на фб зјапа. А мене кога некој ми се прави мутав и јас се правам мутава и толку. Не се трудам да му објаснам, зошто јасно е дека несака да сфати.
Аууу, многу ме нервира правењето мутав. Ми се иде у тој момент да му ја пукнам главата, кој и да е. Од искреноста нема боље бе, и да ти се налутам у моментот ќе ми помине, ама ќе те ценам многу повеќе. За жал има многу такви луѓе, а таквите автоматски губат многу во моите очи, па и за најмала ситница да се работи. Не е битно за што е, ме вадат од такт лаги.
Често знам да се правам мутава, дека не разбирам за што станува збор или дека воопшто незнам ништо за темата за која ме подбуцнуваат. Знам дека ги нервира тоа луѓето Не сакам да ги лажам, а несакам ни да кажам нешто па најдобар излез од ситуација е да се направиш наудрен. Не секое прашање заслужува одговор а и не секој човек заслужува да бидам отворена со него. Ако нешто не е за кажување ќе си остане некажано и со такво ,,мутаво,, однесување јасно покажувам дека не сакам да одговорам. Е, мене пак ме нервираат оние кои сакаат да извлечат нешто со ,,детективски,, прашања.Да разберат нешто пикантно.Знаат дека сум била присутна на некој момент и се обидуваат да извлечат податоци колку да си имаат после лаф-муабет. А има и такви кои се дрзнуваат да прашаат нешто кое воопшто не е ни за муабет.
Со оглед на тоа што не зборувам многу и сум резигнирана за секакви разговори, а особено лични, честопати се однесувам индиферентно на конкретна тема. Кога знам за што се разговара, а не ми одговара да бидам учесник, слушам и молчам. Не сум личност што сака да има глсноговорничка позиција за ширење (дез) информации и затоа ми одговара да бидам "нем набљудувач". Многу е подобро и полесно кога се купуваат одговори, наместо да се продаваат. Од искуство знам дека молчењето вреди доколку правилно се употребува. Но, кога сакам да знам повеќе од професионален аспект, суптилно и дискретно следам ситуација од која очекувам да извлечам корисни работи без да заземам иницијаторска улога. Во секој поглед, глумењето "мутав" може да биде практична особина само со мудра проценка на ситуацијата.
Точно. Е сега... правењето мутав во ситуации кога несакаш да понесеш никаква одговорност за мене не неоправдано.Дури ми делува и просто. Правењето мутав за извршување домашни обврски ми е инфантилно. И јас мислам дека е практична ,,алатка,, во ситуации кога немаш излез и кога несакаш да збориш на одредена тема или несакаш да бидеш инволвиран во ситуации.
Се согласувам. Во поглед на избегнување лична одговорност значи незрелост и неподготвеност за соочување со ситуацијата. Тогаш не постои способност за правилна примена на "алатката".
Ваквите ги мразам. Знаеш дека знам,ем мене глупава пробуваш да ме направиш ем сам се правиш глупав со сила?? Ми доаѓа ама нејсе
Ни јас не ги сакам ваквиве луѓе. Дури имаше една ситуација каде една се направи мутава кога побараа помош од неа, ама за среќа јас се најдов тука и и помогнав на личноста. Па макар и глупава да испаднам во нејзини очи.
Ауу ова е нешто што најмногу ме нервира и не можам да реагирам рамнодушно на вакви ситуации и да ги игнорирам.
Дали ваков тип на луѓе најмнг ги има во вашето работно место? Прочитав неколку коментари и сите се однесуваа за колеги/колешки
Е коа ми се праат наудрени и ме прават будала при здрав разум, им удирам клоца и веќе не се замарам со нив.
Многу ме нервираат вакви луѓе, некако ми се без став и свое јас. Се они не знаат, се они не слушнале и виделе, немаат мислење за ништо.
Тогаш сум директна, поставувам директно прашање во зависност од ситуацијата. Обично тоа ги збунува и и да не сакаат, мораат да дадат одговор, мислење... Немам време за игри.