Имам една мутава. Ама криво ми е што и мене ме става во кошот глупави. Еднаш се скарав ама на висок тон. И она си продолжи со мутавото ама јас се оправив...и јас ко неа.
Им одговара така да се праваат на мутави.Во последно време многу ме иритира тоа што мутави се праваат за работа или обврска која се платени да ја завршат т.е обврска им е ,ќе ти рече ауф како беше ова,незнам,не слушнав,а дојде ти не те видов.Не ги толерирам.Ама затоа за трачарење и пикање носот кај што не им го собира први се,тогаш не се мутави.Како што си заслужиле така и јас им враќам се правам мутава.
Јас иам една поговорка во животот "Прави се мутав а биди паметен". До сега ме нема издадено тоа. Кога луѓето те гледаат дека си паметен, сакаат да те срушат, да ти наштетат, да те надмудрат, имаат преголеми очекувања од тебе.... ама кога мислат дека си мутав, едноставно не се замараат со тебе, и кога ќе чујат за некој "мутав" дека постигнал нешто во животот неможат да се изначудат што било како било кога било пошо не обрнувале внимание на тој човек.
Откако почнав да го применувам ова, подобро ми е. Ќе замолиш некој за услуга и тој се прави дека не може да ти помогне. Е па и со таквите почнав така да се однесувам и јас.