1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога некој умира

Дискусија во 'Психологија' започната од mamita, 25 март 2014.

  1. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Како да му ги разубавиме последните денови на некој кој умира?
    Тој седи до вас неподвижен и слаб,но свесен.Има силни болки.
    :(
    Има ли начин ?
     
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Ќе му речам да направи wish list и ќе се обидам барем некоја од тие желби да му ги исполнам Јас така би направила. Ако треба и Лионел Меси или Роналдо ќе му го донесам. Нема веројатно да седам до таа личност и да ги исчекуваме последните минути за да се поздравиме за последен пат. :$
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Кон ова одговор на 2 прашања т.е. извадок од книгата „Јас доаѓам - од каде? Одам - каде? Живот после смртта. Патувањето на твојата душа.„ (издавач: Универзален живот)

     
    На mamita му/ѝ се допаѓа ова.
  4. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Jас мислам дека освен тоа што ке бидете со него во овие денови и му кажете колку го сакате и колку ви значи друго неможе да се направи. Болката и тагата се голема и тука нема утеха, но барем во последните денови или време што му преосстанува правете го тоа што тој го сака :(
     
    На mamita, SimonaTino, Twinkles и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528

    Оф мори мајко,не ми се верува што читам :x ама изгледа си немала таков момент до сега,недај Боже да имаш,па затоа така викаш :!: На болниот во тој момент не му е до никаква како ти што викаш wish list,со болки уште ако е бара било каква утеха за нив.. :(
    Офф душо,знам како ти е :( ,нема некој начин освен да викнете домашна нега и да му стават инфузија и во неа нешто за болки.Вие бидете до него,само да не ве гледа да плачете и Господ сила да ви даде и на вас и на него,нема ништо поболно од тоа некој драг да се витка од болки а вие да неможете никако да му помогнете ;(
     
    На stetoskop, anina, Twinkles и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Aј не лупетај глупости..не си ни толку мала(по напишаните години 14) за да тресеш вакви зелени.Hекој мислиш ташак го заболе во последните денови,минути од својот живот за некој си Pоналдо или некој си таму Pајко,петко :emo:
     
  7. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    за жал многу тешко, оној кој не искусил не може ни да претпостави, но сепак бидете до него но не сите во собата, правете се дека нормално функционирате а не дека сте се собрале затоа што човекот умира, бидејки тие го знаат тоа и верувајте покрај болката и тоа тешко им паѓа :( за да бидете во нивна близина почесто наоѓајте си некоја работа што е поврзана со него, од типот да го седнеш, да го легнеш, као нека се потпре на тебе дека така ке ти биде полесно и тебе и него, доколку сте мажени и имате деца раскажувајте има за вашите деца, каде се, што прават.....многу се тешки тие моменти :( оставаат трага цел живот, но барем знаеш дека последните моменти си бил со него, како да си надокнадил за сите пропуштени мигови....
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Бидејќи, за жал, имам таков случај во семејството, можам да разберам како ти е.
    Не сте ни да жалите со него, бидејќи тогаш уште повеќе паѓа во депресија, не сте ни да се радувате со него како ништо да не е, да не му падне повеќе жал што тој полека го напушта овој свет и нема повеќе да се радува со вас.
    Мора да се најде некоја средина, но пред се треба психички да му се помогне на човекот, по можност дури и да побарате стручна помош од психијатар, тоа треба да биде задолжително во болничкото лекување на вакви пациенти а не знам колку се применува, но вие барајте ја таа помош.

    Човек кога знае дека умира, не може да се помири со смртта, особено ако е помлад и треба да остави фамилија, мали деца. Тој цело време ќе мисли дека засекогаш ќе биде одвоен од своите најмили и дека нема да може на никој начин да им помогне, тоа ќе го оптоварува и никогаш нема да му даде мир, за жал.
    Претпоставувам дека се работи за заболување-рак, во тој случај и телото ќе се менува, ќе пропаѓа, но како физички така и психички, можно е да изгуби свест, слух, вид.
    Единствена помош е никогаш да не се остави сам, постојано да има некој со него и на секој можен начин да му покажува љубов. Не би препорачала да му покажувате колку сте скршени од болка и да плачете пред него, повеќе ќе му отежнувате.
    Бидете цврсти, намалете му ја болката со лекарства и држете го за рака.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Каков список на желби какви бакрачи :x Човек во такви болки и кога гледа дека му се ближи крајот опаѓа психички и не му е до ништо а не пак до некакви желби. Но видов колку години имаш, па не ти е за замерување.
    Е тоа се најтешките моменти и за оној што умира и за неговите блиски. За жал ништо не може да се направо освен да се задржи вербата и да се помири со вољата Господова. :(
    Пред болниот треба да го задржите оптимизмот иако во тие моменти е претешко.
    Само храбро. Животот е таков... Суров :sweat:
     
  10. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Сум била во таква ситуација.
    Знаевме дека ќе е крај, само не знаевме кога. Не му кажавме од која болест боледува- намерно. Да не му го убиеме духот, кога веќе телото му умираше. Пред да дознаеме за болеста, имавме поприлично фамилијарни планови за престојниот период, што за порано, што за подоцна. Останавме збунети, затечени и скршени. Но одлучивме ништо да не одложуваме, за да не запримети, та дури и да убрзаме со некои процедури. Да му пружиме радост до крај. Колку се може. Успевме да види дека брат ми се вселува во нов дом, дека мене ме удомува....не успеа само, барем да знае ,дека има нови внуци на пат.... :(
    Но вие,
    Подарете му насмевка, пријатен разговор, топла атмосфера. Не плачете пред него. Не покажувајте слабост. Бодрете колку можете. Се разбира немојте да премине сето тоа во претеризам и хиперактивизам. нема да доликува.Угодувајте му. Напревете му ги последните денови посебни.
    Како што кажа и феминката погоре освен инфузии и лекарства против болки, многу и не може да се направи. Но обидете се.
    А боли... и тешко е.
     
    На Viki693, stetoskop и creshicka им се допаѓа ова.
  11. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на поддршката.
    Се трудам да дадам утеха,но знам дека знае.
    И колку е Бог голем,сепак гледам искра надеж во очите.
    Љубовта е таа која дава сила и тогаш кога е јасно дека губиме некого.Затоа драги мои кажувајте им на сите колку ги сакате и колку ви се важни секогаш.Дури не е доцна.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Убеди го да мисли позитивно. Знам тешко е на човек што мисли да му се објасни тоа, но позитивното мислење навистина помага.
    Имам прочитано приказна во „Моќта на позитивното мислење“ за еден човек што докторите му кажале дека има уште малку, бидејќи му откриле рак и на почетокот се затворил и запаѓал психички, но подоцна го променил мислењето и секој ден го живеал позитивно и наместо блиска смрт си поживеал повеќе.
     
    На mamita му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    И јас имав ваκов случај во семејството, κога неκој твој близоκ умиρа, а ти си свесен за тоа само незнаеш дали тоа ќе е денес или утρе.
    Беше маρт. Отκρија деκа дедо ми има ρаκ од последен стадиум и маκсимум му пρеостануваа уште 2 недели. Не саκавме да го сκρшиме со тоа што ќе му κажеме деκа насκоρо ќе почине, тој имаше огρомна желба за живот. Јас бев неговата најстаρа внуκа, но имаше и уште две малечκи κои денес не се сеќаваат на него...саκаше да биде дел од нивното ρастење... Ρешивме да го одρжиме во живот што подолго, повеќе од две недели, баρем еден месец. Вујκо ми пρаќаше најρазлични леκови ид стρанство, му κупувавме Алое Веρа, Κомбуха, сеκаκви чуда. Баба ми го чуваше κаκо бебенце. Деноноќно не спиеше, и она многу се измачи, по неговата смρт и неа и отκρија ρаκ, но важно пρеживеа, инаκу κаκо ќе издρжевме уште една голема болκа. Мајκа ми беше постојано таму, да и помага на баба ми, пρеспиваше таму, а јас дома го чував мојот 3годишен бρат, се гρижев за него, за κуќата, а истовρемено мислев и на дедо ми, на баба ми и мајκа ми κои по цели ноќе не спиеа. Многу ми беше тешκо тој пеρиод. Со таа домашна нега, дедо ми го одρжавне во живот цели 2 месеци. Бевме поκρај него, го ρадувавме, ја пρиκρивавме нашата тага длабоκо во себе. Најважно од се не му κажавме деκа е болен од ρаκ од κој неможе да пρеживее, го лажевме деκа ништо не му е, деκа има Ешеρихија Κоли и деκа насκоρо целосно ќе оздρави и ќе се κρене на нозе. Тој веρуваше во тоа до последниот миг κога испушти душа. Не дозволивме последните денови од животот да ги живее очеκувајκи ја смρтта.

    Животот е таκов, едни се ρаѓаат, дρуги умиρаат.
    Само тρеба да на пρавиме се за нивната сρеќа на овој свет! :)
     
  14. spas8

    spas8 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Tesko e sekako koga znaes deka na nekoj tvoj blizok mu se blizi krajot,sepak imas malku vreme da se prostis od nego,ama mislam deka pobolna e nenadejnata smrt.....koga ne si ni pomislil deka na nekoj tvoj blizok toa ke se sluci i kraj veke nikogas nema da go vidis da go dopres a tolku mnogu raboti imas da mu kazes....go mrezam toj zbor nikogas poveke.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Barbieeeeeee

    Barbieeeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Тешко е многу тешко..
    Тетка ми кога почина ми падна многу тешко..Кога ми кажаа дека има рак на желудникот тотално пребледев само нејзините знаеја и јас и татко ми на мајка ми секако не и кажавме. Ниту таа незнаеше од што е болна ја правеа операција ги најдоа најдобрите лекари специјалисти да ја оперираат но сепак за некои работи нема спас..После операцијата почна да се крева на нозе е кога почна да оди на терапии тогаш стана многу лошо почна се повеќе да пропаѓа беше во болница една недела ја пуштиле на тетин ми му кажале дека и останува една недела живот.. Тогаш моравме да и кажеме на мама тоа беше хаос дома неможевме цел ден да ја смириме..Вечерта отидоа да ја видат и мене ме викаа а јас тогаш имав многу за учење и не отидов си реков утре ке одам а таа цела ноќ мене ме тражила бидејќи постојано беше со мене меѓу неа и мама не правев разлика. Цела ноќ така си мислев требаше и јас со нив да одам..Утрето се враќам од школо и цело време нешто како да ме гушеше по пат.Доаѓам дома и само си викам во себе само да не е тоа што мислам влегувам во соба сите молчат и одма знаев што е работа без да ми кажат...Така ми падна тешко како целио свет да падна врз мене..Ама се трудев колку што можам да бидам посмирена заради мајка ми. И сега кога ми текне ми станува многу тешко многу ми фале и секогаш ке ми фале ама ете тоа е од судбина не се бега само до крајот на живото ке ми биде криво што не отидов тогаш.
    кога некој е во таква состојба кога се знае дека веќе нема што да се направи само блиските можат да го одржат во живот да бидат до него да не дозволат да почувствува дека е крај ....