Кога не ве прифаќаат неговите родители

Дискусија во 'Врски' започната од valery15, 7 септември 2025.

  1. Radana

    Radana Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2025
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    И уштеее нештоо сакам да додадам, доколку сега не донесиш правилна одлука, понатаму ќе станиш жртва на нивните манипулации и ќе почниш самата да се обвинваш, дека можеби ти си крива за нивното понашање!
    На една личност доволно и се само три месеци за да падни под влијание на психички или физички насилник! :!:
     
    На BubamaraM, Mr.Limonko, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    44.689
    Клоцата и ајт.
    А мајка му може да си ги спанџа керќа си и син и.
    И цицка да им дае.
     
    На st-el, oblace1, JustBeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Ender C

    Ender C Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2025
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Штом си дошла до ниво да побараш стручна психолошка помош поради непочитување од негова и страна на мајка му, не е вредно да продолжиш да се трудиш, стави точка, ќе се препородиш, ќе процветаш, не се уништувај и обвинувај себе си бидејки некој не знае да стави црвена линија помеѓу мајка му и партнерката бидејки со тек на време ќе имаш само главоболки.
    Не дозволувај да ти падне вредноста како жена, не ги спуштај стандардите, и последен да е не си приморана да учиш мамин син како да те цени почитува и сака, со форсирање не добиваш ништо, треба да биде природно, стави се себе на прво место, биди си сама на себе приоритет, еден ден ќе најдеш некој што ќе се труди да му бидеш добро и да бидеш најсакана жена на свет.

    Манипулатори секогаш знаат како да ја завртат играта кон себе и да те направат да се чувстуваш виновна, затоа стави нови правила, нека топката биде во твои раце, и во последна минута дај им гол.
    Ако не знае како со лавица, остави го нека биде заглавен во кафез со кокошки.
     
    На st-el, Малечка Малинка, Polyincognito и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.458
    Пол:
    Женски
    Девојче, don't walk.. run.
    Немаш потреба да ја премислуваш ситуацијава, нема да се сменат работите и чим сега ти влијае во брак x10 ќе биде.

    Врти нов лист, ќе си најдеш човек што ќе ти направи да се осеќаш убави и сигурно и нема да ти треба никаква валидација од никој друг. :)
     
    На st-el, oblace1, Ѕвездена и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Creation

    Creation Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Машки
    Луѓево фамилијарно ве победиле жалосно и за тебе и за него повекје за него како што е ситуацијава.
     
  6. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    3.377
    Пол:
    Женски
    Одговорот сама си го даде со реченицата ништо не се промени досега, со оглед на тоа ништо нема да се промени ниту од сега понатаму.
    Не оди веќе кај него штом така се чувствуваш.
    Веќе опишуваш и дека се губи тоа што си го чувствувала кон него, кажи му го ова и дека не сакаш да те запросува, да не дојдеш во непријатна ситуација по тоа прашање.
     
    На eliesaab и Ѕвездена им се допаѓа ова.
  7. Ѕвездена

    Ѕвездена Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Ми се крена косата на глава од гнев што времето наместо во среќа ти поминува во толерирање на луѓе со ниска интелигенција, култура и воспитување.

    Мене ми се пренесе позитивна енергија од тоа со каков кеф зборуваш за сопствените успеси. :l:

    Стави крај на таа приказна. Според тоа шо го кажа, ништо нема да се смени. Само ти ќе тонеш во несреќа и мизерија. Дури си мислам дали типов сака да те запроси за да си ја реши таа проблематика и готово. Остави го нека си најде некоја на нивно ниво.
    Ти оди и барај средина во која ќе растеш и ќе се развиваш. :f:

    Не си заслужила таков однос. И како што кажа сама, ќе ја снема и љубовта кон него. Што е нормално.
     
    На hermosa, Трагедијаупмм, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    8.141
    Пол:
    Женски
    Реално моментално си во најлесната фаза. Кога веќе некој ти е згаден и ти создава одбивност, најлесно се пресекува. Уште не стапени во брак и така се однесува, нејзиното однесување само ќе се влоши. Ќе се доведеш во ситуација да треба дечко ти да бира, ама исходот може да не биде во твоја полза. Па со дете, размисли врз база на приложеното, каква баба ќе му понудиш.

    Штом на психолог одиш за оваа работа, животот многу јасно ти кажува што треба да правиш.

    Тие луѓе нема да се сменат, како што ти не би се сменила за некого.

    Ни прв, ни последен, а дадена ти е шанса да поправиш нешто што може понатака силно да те афектира. 3 дена стар грав не давам на непријател, не па на гостин, каков сака нека е. Не не прашувај нас, прашај се себе дали би живеела така. Ако не, одговорот ти е очигледен.

    И после година дена, запросување и свадби, не се мој стил. Што всушност знаеш ти за него?!
     
    На hermosa, Трагедијаупмм, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Дали можиш да се замислиш со него и неговите. Верувај дека ако сега не можиш да ги трпиш како ќе биде во брак(мрак) па детето ќе.имате ... бегај дури можиш(секогаш можиш мајка ти те нема родено за да трпиш). Ти си знаеш ама немој да си го оставиш здравјето за други. Ќе бидиш мајка еден ден на децата најмногу ќе му требаш. Не вреди за прости луѓе да се доведеш до психолог а уште помалку со попуштени нерви. Предложиии на свеки за на психијатар можеби ќе и каже како треба да се пречека снаа и како да се постапи со ќерка и. Како ќерка и живее ако се мрзи каде што е мажена?? Финансии од каде ?
     
    На hermosa, eliesaab и Ѕвездена им се допаѓа ова.
  10. pance24

    pance24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    Спрема моите досегашни искуства со 2 брака ( пропаднати досеа после 8-9 год секој од нив ) ниту еден од нивните родители не бев прифатен бидеќи не исполнував нивни критериуми. Барем така беа првите 2-3 години. После тоа се смирија и прифатија. Нормално откако нивните ќерки не можеа да си ги видаат на гости кај нив. Да не помислете дека јас му бранев напротив тие заради мене не сакаа да ги видаат нивните родители се додека не ме прифатат.

    А и патем вие кога се мажете/женете сигурно нема да ги земате и како брачни парови и нивните/вашите родители. Се знае дека брачната заедница се заоснова на 2ца самостојни индивидуи коишто треба да се независни без оглед на тоа дали имаат поддршка од нивните родители или не.

    Ја не знам овде какви совети сте дале кога и вашите ситуации сигурно не се ништо подобри. Сигурно не земате сопрузи или сопруги заради вашите или нивните родители. Сакајте си се таму и почнете од 0 ваш живот без да ви се мешаат други. Затоа што ако се вмеша родител од било која страна и почне да команда, тури му пепел на таквиот брак.

    На членката би и советил да си размисле дали ги зема за маж и жена неговите родители или него?
    Доколку се сакате со дечкото, купете/изнајмете еден стан и живеејте си во него на мира, доколку дојдаат на гости кај вас, послужете ги и вие со грав стоен 3 дена и јајца останати од Велигденот.
     
    Последна измена: 10 септември 2025 во 09:47
  11. Radana

    Radana Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2025
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Панче во право си, меѓутоа ние даваме совет затоа што членката побара наше мислење.
    Кога сме кај мојата ситуација конкретно еве ќе ти кажам е многу подобра од оваа, а сега ќе ти кажам зошто.
    Имам свекрва каква што на душманот не му ја посакувам, ми се мешаШе во секоја сфера од мојот живот, стресови и нервози еден куп, АМА има еден клучен момент тука во целата ситуација, а тоа е сопругот или нејзиниот син.
    Мојот сопруг е зрел, пораснат маж којшто самостојно размислува и носи одлуки во животот. Никогаш не ми се случило да дозволи некој да ме понижи или навреди во негово присуство, на било кој начин, секогаш ме заштитувал. Ние заедно со дискусија ги решаваме проблемите како возрасни луѓе, а тој си ги решава проблемите со неговите родители како што е нормално да еден маж си ја заштити неговата нова фамилија.
    Зборуваме за мамините синови и ќерки коишто се врзани на папочната врвца и така си се влечат низ животот, затоа што тие не живеат, само се влечат. Се се пребродува и снаи и свекрви и вујни и тетки, ама ако имаш со кого да разговараш, со сорта како оваа тоа не е возможно. 8)
    И да не се лажиме дека нешто ќе се смени после бракот. Луѓето се тие, можат само полоши да станат.
     
    На Hoping, Трагедијаупмм, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  12. pance24

    pance24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    Јас сум поминал и низ полоша ситуација од членката погоре.
    Не го напишав од памет.
     
    На Radana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    3.377
    Пол:
    Женски
    Никој не ти го оспорува тоа, ама не ти беше лесно нели?
    Зошто тогаш и таа да се мачи кога и самата пишува низ што поминувала и дека чувствата и се променети?
    Друго кај тебе во твоите случаи и кај неа има разлика.
    Ти си пишал
    дека тие не им оделе на гости додека тебе нивните родители не те прифатиле.
    Таа прочита што пишала?
    Кога е таа кај нив на гости со преспивање наутро го викаат неговите него на кафе, а неа не и тој си го пие кафето со нив без неа, на што личи тоа?
    Ете од сето и заради тоа неа и се менуваат чувствата кон него и со право, убаво и пишавме да прекине или да му каже дека не сака да ја бара за жена да не си накалеми поголеми проблеми.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    693
    Пиши што ќе направиш.
     
  15. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.316
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена тема :)
    Низ вакви слични пасив агресив ситуации поминував и јас дур бевме во врска, ама живеевме во Скопје и си викав ќе ги истрпам, поретко ќе се гледаме. Епа стана полошо кога забременив и ме запроси. Не дојдоа на веридбата, не сакаа свадба итн, јас поминав покрај се ама на крај стигнавме до развод. Со дете е уште полошо, зошто преку него после уште толку те игнорираат, те негираат како мајка. Пробавме, се смиривме ради детето, они пак не можат да се помират. Истото и јас имам немир на секое одење (добро е што е преретко ни внучето не го сакаат), ама истото неприфаќање, полнење на неговата глава, притисок, па тој се истура врз мене, едноставно нема промена никаква и мене ми се губат сите чувства. Те разбирам комплетно, во секој збор се пронајдов. Истото и мене ми го збореше и со претходните беше таква. И бившата избегала ради тоа, ете и јас и плус дете нема промена. Најдобронамерен совет, нема никогаш да се сменат, ни они, а ни тој што дозволува, раскини му, ќе продолжиш со животот и ќе најдеш некој што навистина ќе те почитува. Инаку ќе завршиш како мене, сама со дете, да се бориш цел живот со таква фамилија… Со среќа :)
     
    На st-el, Mumoftwo30, Momichka и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    9.984
    Пол:
    Женски
    Ако се сведува само на неприфаќање од родителите, кур ме боли искрено. Кој ме мрази заради свои фрустрации, нека му е. Ако си има здрави граници со неговите, сосема ми е океј врска каде не сум прифатена. Но ако е сврзан за цицка, и те како има да си добие дебела клоца у гзот.
     
    На theowndemon, st-el, Mumoftwo30 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. SapphireHaze

    SapphireHaze Нов член

    Се зачлени на:
    Четврток
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сама веќе си размислила и одлучила за овој случај, и мислам дека разбираш што е правилно. Ќе ти треба среќа, но држи се.
     
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    10.240
    Пол:
    Женски
    А добро еве кај вас нема ли опција маж ти да прекине комуникација со неговите.
    Не разбирам тогаш, он е родител и должност му е да си го заштити детето и мајката на детето. Ако извор на сите расправии се неговите и ве ставаат во таква позиција, шо има он сите нервози да ги истура врз вас.
    Едноставно е, прекинувате комуникација, не одите, не доаѓаат па нека се лутат неговите колку сакаат.
    Ако он не е согласен на тоа, колку е недораснат? Пробајте со брачна терапија ако воопшто сакате да сте заедно ради детето.
    Секогаш кога има дете вклучено, ако нема насилство или неверство, туку само недоразбирања, сум да се проба се можно да се спаси заедницата во интерес на детето.
     
    На Mumoftwo30 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  19. milkyway^^

    milkyway^^ Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2025
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    135
    Ако он не знае како да се справи со нив уште од сега, сигурно таа негативна тензија ќе ја осеќаш и понатаму.
     
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.270
    Допаѓања:
    31.296
    Пол:
    Женски
    Ти си млада, успешна и образована. Пред себе ќе имаш многу прилики, не си го уништувај животот покрај такви злобни и завидливи простаци. Тие во иднина ќе гледаат секој твој успех да го потиснат. А во брак само полошо ќе биде. Верувај дека не сакаш еден ден твоето дете да има таква баба. Здравјето нема цена и не вреди да си го уништуваш заради некој лигуш и мајка му.