Последни 3-4 месеци ретко да ќе поминеше ден а да не заплачам.Пропаднав више. Причината е тој,не можев да поднесам да се љути за секакви ситници и да ме напаѓа.. но ете ни дојде крајот и сеа плачам зошто ми фали.
денеска еден вид несреќа на саканиот.... нема ништо по болно од тоа да знаете дека на саканиот му се случило нешто лошо а уште потешко е ако го сакате повеке и од себе...на никого не посакувам тоа да му се случи....
Пред половина час. Сосем трезна, само што се вратив од град, каде бев цела вечер у кафич полн со луѓе, после и во дискотека, гласна музика, шеми на сите страни, гужва, привремена задоволност а сепак дома кога се враќам се осеќам празно зашто од толку особи што ми се на располагање, НИШТО ама баш НИШТО од тоа не ми се свиѓа и не ме прави среќна. И така гледајќи ги дел од другаркиве како си имаат дечковци или некој што ќе ги однесе дома, што ете да кажеме ќе им го лади мозокот, јас сум САМА и покрај тоа што знам дека имам квалитети и не сум просечна. Не сум имала стабилна врска до сега, а ужасно многу ми треба да бидам блиска со некој. И ете, ова е еден од тие моменти кога се ти е на место во животот а сепак еден фактор делува како сите останати заедно - против мене! Не му посакувам никому да се осеќа толку осамено и депресивно како мене во моментов......
Денеска. Се набраа еден куп работи, во позадина тажна музика и толку ми требаше. Ама ми олесна. Сега сум добро.
Вчера. Бев на 3 спрат, имам една кутија и чувам многу слики и други видови спомени. Најдов една тетратка, рачно правена, се викаше Моето семејство. Ја правев во 1 одделение со мајка ми. Во неа имаше слики и текст од мене пишуван и опис некој. На првата страна има слика од мене, мајка ми и татко ми, заедно танцуваме, на мојот 1 роденден. Потоа од баба ми и дедо ми, за жал починати сега .. Солзите си дојдоа сами од себе, не ги барав јас. Веројатно знаеја дека сега е вистинско време да се појават.
вчера...знаете како е осмоделенската разделба..едни мои другарки ојдоа средно во друг град..и си се испракавме..и ми падна многу тешко после 8 години големо дружење сега се разделуваме..и така
љубовни проблеми...веќе три дена поточиња ми станаа очиве. јас незнам како не пресушиа. ....се надевам дека набрзо ќе биде се подобро.
Еве баш сега. Со недели, па може и месеци не сум плачела. Нити имав некоја поголема причина, ама ете ми се собра некоја грутка во гради. Деновиве ептен лошо се осеќам и сега одеднаш буквално ко да ми пукна нешто во гради. Има да се изнаплачам и се надевам ќе ми олесни после.. а ако не... Не знам