Деновиве... и тоа многу си плачам. Незнам дали ја погодив категоријава, ама не знам зошто некогаш речиси без причина ме тера на плачење, неконтролирано. Некогаш и да сакам не можам да заплачам, ама еве како сега... постојано ми се плаче. Ви се случило?
Да и мене ми се има ова случено и тоа не еднаш.И едноставно така, без причина, ништо тажно не сум видела или сл. , ама ми се насолзуваат очите и почнувам да плачам. Обично се мијам со КРСТЕНА ВОДА и ми поминува !
еве и за тие на кои што им се плаче, ама не знаат како да заплачат, слободно изгледајте го... јас крокодилски солзи ронам ))) http://www.youtube.com/watch?v=uQKikjYO ... re=related
И ете, одамна немав плачено, ама кога го отворив ова, а не знам шо така ми текна, се расплакав... Ч))))
Добар знак е што не се сеќавам. Учам како да бидам јака личност. Многу моменти сум била на работ до овој чин, но се воздржувам. И подобро ми е. Многу!
Денеска.. Другар што живее во Милано денес си заминува назад, незнам кога пак ќе го видам, многу ми е тешко
Поради филм, вчера, а поради себе и болка или среќа...It's been awhile. Си собирам, си собирам...ама секогаш кога ќе ми дојде тешко на душата, ми излегува некоја друга работа што мора да ја завршам, па немам време да си поплачам зошто не ми иде сега, имам малце време
Одамна.. ми се собираше секојдневно полека полека.. ама за среќа работите се средија и сега нема потреба од солзи
пред еден час. Дечко ми ме извести дека за една недела ќе оди во странство да работи и најверојатно нема да го видам најмалку 3 месеци. Толку сме поврзани еден со друг. Го сакам не знам како ќе издржам. Еве сега повторно плачам. Јас сакам да оди, ама многу ми е тешко да се разделам од него, како ќе видам дека се качува во автобус и си заминува. Срцето ми се кине :'( :'( :'(