Пред два дена ама не бев задоволна од плачењето сакамв уште да има солзи ама немаше не се олеснив до крај и уште ми се собира на душичкава кај да е некој ден ке прснам
За мене чудно, но сепак, искрено... не се ни сеќавам и се радувам што е така. Периодов е супер, немам ни најмала причина за плачење а обично плачам за најмали ситници, премногу сум емотивна. Но, ете, сега, периодов е „суша“.
Ви се чудам како може да ви олесни откако ќе се исплачете,луѓе мене потешко ми е,мислам дека кога еднаш веќе ги пуштам да течат не прекинуват и башка потешко ми е на душата мислам дека се предавам,затоа мноогу ретко се осмелувам да плачам но ете кога пукнам веќе нема назад.Мислам дека светот ми се сруши последниве денови,моиве мислеа некој умрел оти ме видоа како плачам,ги преплашив ама ете јас изгледа предолго се правев јака па сеа .... јас не сум сама но многу осамена!!
Цел ден. Цел е*ан ден си плачам. И на моменти си барам причина, а на моменти знам, едноставно нема причина, незнам зошо плачам. Или ќе да е ПМС или незнам
Even tough guys like me cry. Не се сеќавам кога последен пат плачев, ама во септември ќе да е и тоа втората половина од месецот, значи релативно брзо. Ме фати некоја есенска меланхолија и тага и пуштив солзички. Обично плачам пред спиење кога ќе си легнам и ќе го изгасам светлото и ме измачуваат мисли за животот и сето тоа го ослободувам во водена форма преку солзи. Преку ден ретко плачам.
Постојано плачам.Нормално,кога сум дома.Незнам што ми е ама секоја минута можам да се расплачам,затоа јас бегам од Тв,музика,сликите...и ред др работи кои ме потсетуваат на него...Голема плачка сум станала,а и мн сум чуствителна...