Пред неколку дена. Се враќав од математика, и во тој момент поминаа две амбулантни возила, се потресов од приватни причини и срам не срам, фатив да плачам на сред улица. Ми дојде. Малку беше, ама ми олесна.
Во моментов жал ми е што не послушав никој а бев предупредувана...уште повеќе ми е жал за мајками не сакам да ја нервирам со моите проблеми не знам што ми требаше толку каде гледав се што ми се случува заслужив затоа што сама си ја скроив судбината и сега животот си игра со мене...Жалам за многу погрешни донесени одлуки да можам да го вратам времето се би било поинаку
За среќа поодамна. Почнаа коцките да паѓаат секоја на свое место. ууууу, да. Абе плачев минатата недела. Ама од среќа.
После долго време и јас да заплачам Прегеска и уште ми се плаче кога ќе помислам на тоа .....Неважни работи ...
Прееска за мачолко мој, го нема од вчера сабајле, мачки брка, ама додека да ми текне кај може да е...Ќе се врати знае дека си го лоФкам
Искрено не се сеќавам.. Хах! Баш се замислив сега, ма пооојма немам. Инаку, многу ретко плачам ко фрикин ајсберг сум.
Во неделата... Бев нервозна цел ден, сите ми сметаа, неможев да се трпам ни самата себе... Потоа и се развикав на мајка ми без причина, отидов во мојата соба се изнаплакав и се вратив и и се извинив. Многу ми беше тешко.
Пред една недела дечко ми ми направи љубоморна сцена и јас се изнервирав до максимум и додека му објаснував од нервоза почнав да плачам, обично од нервоза плачам доста избувнувам од внатре.
Синоќа можеби имам се некој би рекол,но не е така најубавото никако да го имам а сите живееме за тој момент и срце ме боли плачев онака од душа