Лани на 31 декември, причина: Така ми е мене традиција секогаш на 31 да си се исплачам за се што се случило во тек на годината
Уф толку многу сакам да заплачам да ми олесни во душава онака чисто некогаш. Плачев пред две недели. А некогаш така ми иди да се изнаплачам а стегам во душа.
Голема плачка сум, што се вика ритуал ми е плачењето. А да не се урочам па можи една недела се немам расплачено.
Денес. Не беше за некоја посебна причина. Читам книга и никако не можев да се помирам со смртта на мажот на главната личност.
На 31.12.2012. 15мин пред 00:00 Со другарка ми се изнаплакавме за се што се случило таа година.Ми беше убаво зашто мн тешко можам да заплачам незнам зашто.Тажна сум некогаш,пробувам да заплачам ама неможам?
Ајде Сноу, не се сеќирај. Сигурно ќе ти се јави Инаку јас плачев денес, бидејќи ни го поправаа лифтот и морав до 4 спрат пешки да се качувам. Бруки
Денес. Читајќи ја статијата во Вест за детенцето од Струга што се разбуди од кома после четири години. Душичка колку е убавко. И среќа се разбудило се спасило, и се прашував како му е сега, уште се лечи, прилагодува, учи да зборува, да чита, пишува. Родителите па за секоја почит, во ниеден момент не се откажале од него и тогаш кога сите им советувале да го остават да умре.
Ааа напредувам напредувам...порано кога ќе ја видев темава самата си одговарав во главата -денеска или вчера..и неколку пати отворив да напишам тука,ама ми беше застрашувачка помислата да биде евидентирано колку многу плачев,тоа изгледа пострашно отколку што навистина е ...а во новава година,ех,богами горда сум шо треба да се замислам за да ми текне коа сум плачела последен пат,по некоја солза сум пуштила,да,ама плачење,оноа убаво плачење досега го немало...добро ми тргна годинава уствари,сега навистина го забележувам тоа
Денес, преска.. Се карав со моја многу мила личност. Самата помисла дека можам да ја изгубам ми донесе солзи во очите кои неможев да ги сопрам, но си ветив, нема да го дозволам тоа.