Вчера и завчера, такви денови беа, требаше да се донесе една тешка одлука и едноставно мораше да биде пропратено со солзи...
Обично немам некоја си навика да се лигавам на се и сешто т.е не можам да заплачам лесно , туку собирам во себе со што и си ја нарушив здравствената состојба , инаку последен пат пред 3 дена кога искрено ме погоди една работа .
Еве пред малце , земав да почистам и најдов 2 илјадарки завиткани во прашина под креветот. Солзи среќници
Велат плачењето не е синоним за слаби особи туку за особи кои се хипер сензитивни(чувствителни) треба да се гордеете со тоа што знаете да пуштите солза, бидејки тоа зборува многу за вас, пред се дека сте и вие особа од крв и месо, и наместо камен, во вас туку имате душа. Морам да признам дека не плачам често не затоа што сум камен, туку едноставно затоа што животот премногу ме шамарал, и ми нанесувал болка, што едноставно сум се претворила во робот, т.е жена која неможе ништо да ја сруши, жена која едноставно нема време да биде болна, бидејки се мене ме чека. Но сега откако децата пораснаа си давам понекогаш одишка на душава да заплачам едноставно да ми олесни. Инаку сум многу чувствителна можат да ме растажат мали неправди и тоа претежно направени на другите, особено кога ќе видам болни и немоќни лица, стари лица за кои никој не се грижи....... И, си викам добро зошто човек цело време е во грч се бори да има се повеќе и повеќе, кога еден ден ќе дојде ред да неможе да ужива во тоа за кое цел живот се борел. Ете такви работи мене ме растажуваат и ме терат да пуштам солза.
Во Недела а искрено да кажам и не знам зошто.Во последно време сум многу чуствителна и можат да ме инервираат ситници и да заплачам.Не знам зошто е тоа така ич ич не сум расположена.А не можам да кажам дека сум слаба затоа што и не сум поминала малку во животот иако сум само 16 години.Во најтешките мометни немам плачено па можеби сега пплачам за ситници.