Во скоро време не.Како што приметувам станувам се поцврста и поиздржлива...само незнам тоа дали е добро или не.Некако како да се затварам во себе.
Сега ,во моментов ,слушам H.I.M -in joy and sorrow ,читам фемина,мислам.....и плачам.... http://www.youtube.com/watch?v=FVcfCHmoCvM Ништо не е како што треба да биде...
Вчера вечерта само што ја потпрев главата на перницата наеднаш ми се вратија некои прекрасни слики од минатото и ми навреа солзи. Понекогаш едноставно не можам да си помогнам.
Вчера во автобус. Патот кон дома секогаш ме потсеќа на неа. Погледнав на часовникот и видов дека е доцна и дека автобусот ќе доцни. И се сетив како секогаш ја молев да ме причека и да не си легнува, да ја видам уште истата вечер кога ќе стигнам, да ја прегрнам. И сфатив дека вчеравечер тоа немаше да се случи. Благодарност до шоферот што ги изгасна светлата, за да не можам да си ги видам солзите на мојот одраз во прозорецот дур се ѕверам во автопатот.
Вчера...на улица...пред сите...несакав,ама неможев се распаднав....бев уништена од тоа што ми се случи....и не можев да дојдам при свест...незнаев дали него да го жалам за тоа што му направија,дали себе да се жалам,дали моите дома..дали да се убијам.....