Кога последен пат плачевте ? плачам секој ден..... секоја еба.а минута..... и знам дека ќе плачам се додека не преболам што ми се деси....
Кога последен пат плачевте ? вчера за вечера направив полнети чушки со сирење и јајца и патлиџани кога седнавме да јадеме мажотми рече е овакви правеше бабами(мајка ми) лесна и земја ќе се најадевме и поцел ден сити.Го погледнав и се расплакав и ми вели е што сега?што реков?ништо само што ми недостига се изнаплакав така убаво и заспав.
Кога последен пат плачевте ? Вчера затоа што една моја бивша другарка со која се оделивме ама не се се карале си живееме уште како што треба му седа на еден мој симпатиа в скут божем била пијана лелел мрљазам кучи што ми се преправат дека се добри другарки идека тоа е само кога се пиани
Кога последен пат плачевте ? Кога раскинав со бившиот.. Од тогаш не, таа проклета врска ме зацврсти. Ме направи човек со тежок карактер. Ме направи силна. Барем нешто добро од сиот тој пекол..
Кога последен пат плачевте ? Попладнево Многу тажно се чувствувам денеска и се ми се собра,згора на се и една кавга.Аман! Да сварам кафе, го ставам кафето на плинското и да го уклучам го шуткам и тоа лета низ цела кујна кафе.Кога викав да плачам пола саат не можев да се смирам. Ама ми олесни Сега се вратив од прошетка со мајка ми,нешто пазарувавме и ги оттргнав мислите. Јас се земам при срце,утре е нов ден(очигледно ќе биде потежок од денешниов,останува да видиме).
Кога последен пат плачевте ? по природа сум многу емотивна личност, иако умешно го сокривам тоа и знам да си заплачам кога ми е тешко, ми олеснува последен пат плачев пред неколку дена-навистина се исплашив, а причината беше нечуствувањето на рацете на мајка ми
Кога последен пат плачевте ? Сега ама од радост Така неколку солзички, убаво чувство ми дојде слушајќи една песна
Вчера. Не сум личност која често плаче,но во последно време многу работи се собраа и морам некако да го искажам тоа. Сепак,после солзите човек се чувстува полесно сега го сфатив тоа.