Последен пат плачев пред околу една недела..Причина нервоза, и не можев да издржам и заплакав...90% од плачењето ми е поради тоа...
не се ни сеќавам..премногу проблеми,нервози,разочарувања.. мислам дека станав по се имуна на плачење..
последно плачев пред два дена многу сум емотивна и плачам на се и сешто на книги , на филмови , на песни , кога сум среќна , кога сум тажна ... се чувствувам како преродена откако ќе се исплачам
Плачам цела недела оти останав без работа,.Плачев и таман се смирив , денес ме посети колегата и тоа ме разтажи.Ми кажа дека и било тешко без мене таму , како сум им недостасувала јас и моето ведро разположение, како сега на работа било неиздржливо и штом тој си отиде се расплакав ах газди.... што знаете вие за животот за човечноста
Чудна работа јас и плачењето. Кога треба не плачам, кога не треба плачам Вчера плачев ко гуска два саати, се ми се насобра претпоставувам. Познато ви е чувството кога плачете не само за една работа туку мислите на безброј глупави сцени од вашиот живот? Кога се на куп ќе ви се насобере? Е така јас вчера си плачев за се лошо што ми се случувало. Ме мавна психа во глава. Флешови од минатото!! Сега ми е многу полесно.
прееска си плачев..па премногу работи се собраа и експлодирав се затворив и липтав. Многуууу нервоза, многу. Многу работи при срце си ставам и после ми е тешко и си плачам..