Пред една недела. Чувствував притисок, немоќ и страв. И сето тоа резултираше со едно убаво, здраво плачење. Отпосле олеснува. Секогаш.
Пред половина час... А зошто? Бидејќи животот понекогаш е толку неправеден, периодов ми е стварно ужасен секој ден нов проблем секој ден нешто лошо... Како да ме бутка на земја и јас набрзинка станувам и си велам ке биде утре подобро ама за жал не е и веќе почна да ми биде заморно да бидем силна...
Вчера.. Прво заради леќите, многу голема болка имам кога ќе ги ставам.. А после 2 саати, заради еден идиот
Јас многу често плачам бидејќи сум претерано чувствителна и живеам во лоши семејни и животни околности! Но,сепак морам да го издвојам моето последно плачење минатата неделна кога бев во ПМС и го гледав југословенскиот филм:Собирен центар!Филмот е црна комедија,на моменти дури ми беше смешен,но сепак се работи за починати луѓе и за тоа како луѓето сепак имаат огромна воља за живот и после смртта се собираат во Собирниот центар и си ги кажуваат маките!Она што ме растажи во тој филм е љубовта на жената на професорот којашто го повикала да дојде кај неа во светот на починатите и тоа што тој подоцна под влијание на стрес повторно доживува инфаркт и овојпат дефинитивно умира,првиот пат само бил во клиничка смрт,откако ќе сфати во колку расипан свет,со какви расипани луѓе живеел! на крајот починатите пеат една многу жална песна,дека повторно пролетта пристигнала во нивниот крај,само нив веќе ги нема,а тоа го прават со толку жален глас,што и најбесчувствителниот човек би се расплакал!
Леле утрото. Смешки живи сум од ова тетката, па се‘ ме расплакува Го читав текстот за првото родено дете после земјотресот и рикнав, на гласови плачев сама пред копмјутер.
Сабајлето кога гледав еден многу жален филм на кабелска! Еден британски филм Светилникот на темната ноќ се викаше,бил направен според некој истоимен британски роман!Дејствието се случува во 21-ви век,неколку години порано од што е сега!Една девојка и баба и нејзина и мајката на девојката дознаваат дека братот на девојката што е помлад од неа има сида и дека е хомосексуалец и дека нема уште долго да живее!Тука многу убаво се претставени предрасудите што бабата и мајката ги имаат спрема овој вид на луѓе!Кога девојката била мала умрел таткото на девојката и таа ја мразела мајка и бидејќи мислела дека мајка им го скрила од нив! Исто и дечкото се лути на сестра му што не му кажале веднаш дека татко им починал за да го заштитат бидејќи бил мал! Дечкото има пријатели хомосексуалци што доаѓаат да му помогнат! Доаѓа свештеникот којшто го охрабрува момчето да издржи и му кажува дека Рајот навистина постои и дека таму нема веќе маки,страдања и тага и го охрабрува да издржи! Нему постепено му е се потешко и на крајот тој умира и се спасува од маките! На крајот мајката плаче,а ќерката ја држи во прегратка и самата скршена поради смртаа на братот! Еден навистина многу жален филм!
Jас обично си имам навика секојдневно да си плачам. Секако, некогаш е од што навистина ми е тешко и ми доаѓа да умрам, но некогаш е чисто онака филозофско плачење, со драматизирање и самостојбно пикање на идејата дека ништо не е онака како што сум сакала, во главата! Плачев вчера, а што е најжално не се сеќавам за причината.