Јас имам прашање, мислам дека е за тука. Не дека не сум среќна или па дека сум депресивна, не сум, значи јас бев личност која тешко плаче, а сега, не можам да се препознаам. Плачам многу, значи речиси да нема ден да се расплачам, за некоја обична ситница, како пред три дена,плачев четири часа, липав, на глас, абе дехидрирав буквално. Искрено, незнам зошто почнав да плачам толку, зборувам, зборувам, се карам еве на пример, и после одма плачам, не можам, само иде, посилно од мене е. Или па кога сум сама, како пред некој саат на пример, ми удри филм во глава нешто да не му се случе на дечко ми, ако му се случе нешто дека јас ќе полудам, и ми се вртеа слики како рикам во болница по него, како ми ставаат инекции да ме смират, како викам врескам и почнав да плачам, значи липав! Зошто ?!
Јас мислам дека тоа тие период...секој од нас има такви периоди кога буквално секаква ситуација може да ни предизвика солзи,истово ми се случуваше и мене сама си режисирав филмови во главата си правев некој болни замисли како еден ден ќе имам неизлечлива болест и како бившиот ке дојде и ке плачи над мене а јас на смртна постела,после како дедоми починал па го изнесуваме од дома ...значи самата психа ме тераше на тоа ...на вечер пред легнување ке се сетев на некои заеднички моменти со бившиот и не плачев јас липав,снемував солзи како мало дете,потоа плачев ако мајками малце го повишеше тонот на мене се затворав во соба и плачев и така во денот по кизнај колку пати мислам дека мува да поминеше од бес и нервоза ке заплачев ... ама некако потоа се чуствував многу полесно ми паѓаше некој камен на душава,и секогаш си велев ех покрај олку солзи мора нешто добро да ми се случи Инаку мој совет тие ич да не се стегаш кога ти се плачи да си се изнаплачеш само никако немој јавно!