Има една недела сигурно. Кучето од вујко ми доживеа инфаркт. Го прегледал ветеринар и рекол нема уште долго да живее. Бев таму, кутрото од умор и снеможеност легна, а јас отидов да го галам и започнав да му пеам тивко. Секогаш кога му пеев седеше мирен и ме слушаше. Така беше и овој пат. Лежеше така и ме гледаше со влажните очиња... Не сум подготвена за уште една загуба. Рано е, не.
Го знаете ли она чувство кога ќе ви помине се` преку глава и сакате да се исплачете, дали на перницата или на соодветно рамо за плачење, за да потоа се чувствувате подобро?! Да?-Јас не. Толку многу ја осеќам заглавената кнедла во грлото, што ми доаѓа да вриснам на сиот мој глас, да се исплачам ко едно новороденче. Но...неможам. Депре муд-от периодов многу често гостува кај мене. Дури, се задржува на подолго, како некој далечен гостин, што е приморан да остане на подолго. Доаѓа, ненајдено, од никаде, и одеднаш, гледаш, се приспособува на мене, се осеќа ко дома, и не сака да си замине. Убаво му е. А јас, гостопримлива, полека почнувам да се привикнувам на новиот гостин. И така, после подолго гостување јас се навлекувам на Дотичниот гостин. И дури, мислам дека се случува ЧУДО, кога не сака да ме посети Дотичниот, после дооолго изминат период. Не избегав од темата за солзите, само...Јас не плачам. Веќе подолго време. Но, затоа сум депресивна, меланхолична, никаква. Па и подобро е да се исплачеш и да си олесниш на самиот себеси. Но, тоа се дешава кога ќе пресушат солзите. Да живее меланхолијата!
Денеска попладне бидејќи ми текна за Тоше Проески,па затоа многу плачев бидејќи вчера во весник читав за неговата домашна слава,Св.Преображение Господово,значи сеуште многу го сакам тој голем и благороден човек!