Пред околу 30 мин. Причина баш и немав ... Онака си седев пред огледало, си врвев низ тежок период во мојот свет, си пуштив тажно музиче и то е ...
Овој петок затоа што ми текна на еден мој школски и мој добар другар од средно бидејќи не сум се ни видела,ни слушнала со него еве веќе цели две години и се прашував дали бил минатата година на прославата на десет години од матурата бидејќи јас не одев затоа што мојата најдобра другарка не сакаше да оди поради големите обврски за утрешниот дена на работа што ги имаше и што требаше да ги заврши тогаш кога се прославуваше матурата,а јас пак не сакав да се доведам во незгода да се расправам со едни две девојки со коишто сум скарана,па затоа не сакава да одам сама,без мојата најдобра другарка и се прашував како е тој мој добар другар,дали има сериозна врска,дали често се дружи со друштвото навечер и дали се гледа понекогаш со една моја друга добра другарка од средно со којашто и тој,исто така како мене беше многу близок со неа!
Денес, татко ми имаше мала несреќа , плачев за чудо бидејќи јас никогаш не ја искажувам болката со со солзи.Моја поука до сите сакај те си ги родителите и почитувајте ги, не дај боже да ги загубиме зошто многу ќе не боли
Пред малку затоа што го гледав повторно на you tube Emotional baby!Too cute! она бебе што плаче кога мајка му му пее тажна и емотивна песна на своето десетмесечно девојче и тоа предизвикува длабока емоционална болка кај него и на крај мајка му го смирува бебето велејќи дека тоа е само песна! Ме растажи не само песната,туку уште повеќе слаткото нежно невино бебе девојче што плаче на песната! И сега пак плачам поради него!
Пред 1 сат. Внуката ми на телефон ми рецитираше песничка што ја научила во градинка. Сонце мое, ме разнежна до крај
Денес. Причина: една идиотка од нставничка по физичко која ми напиша четворка без некоја основа и причина. Во право беше наставничката по граѓанско утрово, луѓето најчесто плачат од немоќ... Е па еве...Сега јас не можам ништо да направам...само ученик сум. Проклетство!!!!