Вчера,милион мисли ми се превртуваа низ глава...Мислев на учењето,мислев дека ќе ги разочарам професорите и родителите,се растажив поради тоа што мачниот живот на баба ми и донесе многу последици,но и покрај тоа таа се држи цврсто и никако не попушта,не се предава,се натажив поради тоа што на мама не и беше баш добро ...Да ти е*** животот,зошто мора на сите невини луѓе да им спремаш вакви проблеми и невољи? Ова чувај си го за оние проклети идиоти кои не заслужуваат ни да го дишат воздухот!
Пред околу половина час поради тоа што не се чувствувам задоволна,не се чувствувам среќно и премногу дилеми во главата...
Сега, ми недостасуваш тато. А неможам да те вратам проклета да сум. Што вреди сега? Ништо, те нема сега. А си замислувам, како ќе беше ти да беше тука... Никогаш не би се карале, знаеш? Заедно ќе гледавме телевизија, ќе читавме. Заедно ќе ја дискутиравме најновата полициска акција. А те изгубив уште пред да те запознаам. Знаеш што е најлошо? Самата сум виновна. Кој ги бараше тие проклети колачи?-Твојата нанчо. Се е изгубено, нели? Сега ништо не вреди. Девојки извинете на овој испад, ама неможев веќе да издржам...
Вчера попладне и денес отсабајле поради ПМС бидејќи ми смета гужва и галама во куќата во тие денови! И сега ме стега силно половината,но уште ми ја нема татката со црвен мерцедес,а знам дека ми пристигнува бидејќи видов малку бледа крв на тоалетната хартија! Многу сум смотана!
Од 20:00 до сега. Главна причина е што ме разочара некој што го сакам најмногу и ми значи најмногу од се! (најдобар другар)...Ме разочара толку многу што сеуште неможам да поверувам дека ова се случува.Плус ПМС-от проработува со емоционалните испади.Час сум меланхолично расположена,час сум позитивна,насмеана..