Пред може еден месец кога ме тупија со баскет во фацата ...А неде толку болеше,само ми дојдоа солзите. Спојлер Да не забегав јас од темата
Преѓе баш помислив кога последен пат сум плачела.. и еве ме сега две три песни ме расплакаа како мало дете, кој ми е крив ко чепкам во стари рани
Последен пат плачев на 06.12.2013.Тогаш ми се чинеше душа од мене ке искочеше.А сеа си викам абе смотаницоо за што плачешее ццц .Ама коа ке ме трогне некое сечање леле мајко
Пред малку на постовите во темата Разговарајте за да ви олесни. Се разнежнив... и едно огромно БЛАГОДАРАМ до сите што ми дадоа поддршка и поголема самодоверба.
вчера. после цел месец јас баш вчера туширајќи се си ги кажав маките сама на себе...и си се расплакав
Синоќа пред да заспијам!Едноставно така ми дојде поради стрес веројатно да се испразнам на таков начин и потоа убаво си спиев и сега ништо не ми е!
Пред 4 часа и тоа убаво се изнаплакав. Нервозата и стресот си го направија своето и сега ми е полесно.
Си плачам редовно, кога на душичката ми е тешко. Ке си исплачам, утредента како нов човек сум.Последен пат плачев 01.01.2014 година. Со плачење ја почнава годинава.