не си единствена на која и се случува тоа на мене ми се случува скоро секој 2 ден и тоа бес причина се расплакува а до пред 4 год бев најсилната личност со која бев горда а сега.....
незнам точно можеби пред една недела :/ заради тоа што мислев дека животот е премногу тежок и дека јас најмногу страдам а кога ќе помислам на децата од африка
па, последно пред месец. Инаку јас сум човек кој многу ретко плаче, некогаш душата ми плаче, но неможам да испуштам солзи. Претпоставувам дека тоа ми е навика од малечка кога ми беше срам да плачам пред други, па така сега и кога сум сама, сакам да си поплачам, ама неможам. Многу ми е глупаво што неможам да си се олеснам, пишете дали некој има ваков проблем.
Посакувам да можев да заплачам , да си ја истерам нервозата, да ми олесни на душата. Ама веќе некако немам ни солзи
Прееска додека го гледав An American Crime Па после си најдов уште милион други причини и супер си се изнаплакав.
Кога видов колку многу се коментирани турските серии, а колку малку оние што навистина се квалитетни. И заплакав во знак на почит кон милијардите неврони кои храбро ги дадоа своите животи и не победија во битката со Султанот, Дамата и на Бабата чифтијаните.
Завчера, и тоа плачење цела вечер. Очите ко на варен зајак ми станаа. Ама ветувам, нема повеке да плачам за машко, и да сум крива, и да вреди и да не вреди НЕ.
ех колку пати и јас сум рекла ВЕТУВАМ нема да плачам машко,а особено кога не сум крива... ама никогаш не си стојам на ветеното секогаш плачам како да умрел некој !!! тоа кога ке си ставаиш се на срце..
и јас ВЕТУВАМ! леле познати ми се овие вечери... плачење, лоши мисли, како да се руши светот и се тоа заради машко... и секогаш ќе станам сабајлето и ќе си речам колку посериозни работи има во животот, јас за НЕГО плачам!