Сега..бидејќи денес ми е роденден,искрена честитка добив од другар што го знам 10-тина дена..а дечкото со кој што одев долго време а раскинавме пред неколку дена и останавме во добри односи го нема сеуште никаде )
Вчера... Кога ја видов сликата кога сум била во забавиште, кога ништо не ми било важно и кога сум била безгрижна...
Па си плачам редовно, голема емотивка (читај: плачка) сум А, последен пат плачев вчера. Се возевме во кола и како и обично ја и брат ми се закачкавме, татко ми ни викна ииииииии јас зошто да не се расплачам кога имам прилика? хаха
Утрово. И тоа овие денови сум силна, избегнувам да плачам, ама плачеше другарка ми, а јас се расплачев оти таа плачеше. Ама брзо се прибрав
Порано знаев да плачам за секоја ситница а сега... штом ми дојде солза ја бришам и си велам на самата себеси Лавли никој не е вреден за твоите солзи , сис е насмевнувам самата , првото што го помислувам е дека за мене никој неплаче така да ....., заборавам дека ми било тешко се трудам барем
Вчера бидејќи почина еден постар човек што ми се паѓа дедо бидејќи на баба ми е некој подалечен братучед,а и неколку дена порано дознав дека починала исто и на баба ми една другарка што многу ни помогна на нашето семејство додека работеше во социјалното кај нас во Куманово!Ми дојдоа спомени што биле со овој дедо и со таа жена за настаните што се случуваче додека баба ми,дедо ми и мајка ми беа живи како сме славеле Велигден на гости кај тој дедото со жена ми,т.е моја подалечна баба и таа ми се паѓа на мене исто,како биле домаќини луѓе и за муабетите што сме ги правеле кога сме биле за Велигден на госто кај нив и кај таа жена,на баба ми пријателка што беше,и убаво се изнаплакав,али тоа му е,толку им бил векот,кој нема век,нема ни лек,така си се тешам сега јас!