авчера.. ама веќе неможев да издржам, толку работи имам врежано во мене што некни веќе неможев да издржам, ме напнаа од сите страни мисли и неможност да се искажиш..
Синоќа... Повторно почнав да заспивам на мокра перница. Онака без причина плачев. Уште ми стои грутка во грлото.
пред неполн пола саат...толку бев убедена дека сум бремена ама испадна дека грешам... еве пак си потплачнувам
вчера..ради тоа што ми се сруши се на глава... а сакам и да си се изнаплачам пак и да ми олесни се и да си продолжам понатака ..само кога ке си бидам сама дома..
Пред скоро месец дена поради смртен случај. Дури и сега кога ќе помислам ми доаѓаат солзи на очи. Или кога ќе се сетам на некои ситници, разговори, места, зборови карактеристични за починатото лице Повеќе е поради бес и гнев, зошто тоа мораше да се случи и да се случи на некој кој не заслужува - отколку тага.
Вчера, вечерта... Баш како и сите... Се ми се изнасобра и си се изнаплакав... и денес еве пак по старо исти проблеми... аххх џабе плачев значи...
Често плачев поради оној кој го сакам или поради оние кои ми се битни а тие воопшто не те ни рецкаат....Едноставно сеа неам плаченоо цела недела.. Едноставно се оладив спрема се ...Веќе ми е сеедно што ке биде...Ма не ссее замарам бе брат кулирај не се нервирај ! Ако некој е за вино нека дојде го чекам да се раположиме малце ...
Во петокот вечерта пред да заспијам затоа што една моја другарка на фејсбук ставила слика од бебето синче на една од нејзинит две помали сестри,таа инаку е најстара од сестрите во нејзиното семејство,бебенцето на сликата е со малку подотворени устенца,нежно,слатко и невинко и другарка ми напишала коментар на сликата:Пиле мало убаво!Ме потсети и на моето мило гумено бебе Тупузанче спомен од баба и дедо од Хрватска за мојот четврти роденден,и тоа исто така има мали подотворени устенца и е мало,слатко,убавко и невинко!А,и втор ден од менструацијата ми беше тогаш,па затоа се ми се изнасобра и убаво се изнаплакав и потоа ми олесна многу и многу поубаво си спикав!
Ретко плачам, а кога тоа се случува заради за мене не (толку) битна причина, се трескам од земја, со мисла како сум дозволила тоа воопшто да влијае на мене, а иначе последен пат...па, кога паднав пред Нова година- излегување од дома и трас по скалите. Така ми треба кога брзам секаде и секогаш