Вчера. Јас сум плачка. и ако се удрам несакајки, и малку и многу да ме боли, ќе си поплачам. Плачам не од болка туку од лутина: зошто баш јас и зошто баш сега најдов да се удрам.
Не сум некоја што многу плаче ама пак поради тоа сите солзи во мене си ги чувам и потешко ми е .Плачам еднаш или двапати месечно . Утрово плачев поради што се ми се собра и тешко ми дојде, причина секако дечкото
Денес, вчера. Дедо... Сум се карала, смеела, бил дел од моето секојдневие. А сега го нема, мојот дедо... Луѓето ме тешат да не плачам, ама не можам да замислам ден без него!
Во четвртокот минатата недела!Бев во Центарот за социјална работа да средам некои административни работи за отпис на долговите за струја,а замислете,ми бараат по трет пат за увид исти документи да направам фотокопија!Па,нели е тоа сомнително и напорно,да му се сневиди?!Поради тоа и поради тоа што ден порано дознав дека починал еден ликовен уметник,постар човек и познајник на мојата исто така покојна баба,а и заради тоа што поради недовлното спиење тој ден многу работи ми се собраа,јас цел ден си го преплакав!