Пред неколку саати. Го сакав,а тој ми го скрши срцето и си замина. Исчезна од сред врска,така, без никакво објаснување или причина.
Сабајлево затоа што морав да го напуштам домот,онаму каде што го поминав целиот живот,жал ми е што морав да го оставам моето семејство,и да почнам нов живот.
Ке плачам уште многу...Сонував за друго училиште и можев да одам таму и се да е прекрасно.Сепак се запишав на ист смер ама во мојот град и супер се и проф и деца и друштво ама не е тоа тоа.Имав желба за таму.И спомнав преместување дома и се ама сите ми велат па се ти е исто и тука и нема шанси да сменам школо.Ај така требало да биде..Судбина
Пред неколку часа, се скаравме со дм и толку ми требаше за да заплачам, но кратко беше и се се среди.
Пред некој ден.. Прописно си се разлигавив како мало бебе.. а тој само ме гушна ... и уште толку добив желба да плачам Со што ли ја заслужив таа добрина од него?! Вистинска ли е или сонувам ... е тоа ме тера да плачам..
Одалеченоста од моите сестриТри сме и сите три во различни државиЕ тоа ме тера често да плачам.А да биде уште позезнато се мм работи исто надвор од МКД
Последен пат плачев кога ми почина кучето,околу неколку месеци. Навистина многу ми беше жал бидејќи го чувавме околу 5-6 години откога ни го дадоа на подарок.
вчера, цело попладне и до доцна во ноќта, дур заспав... а зш...не би можела да објаснам....преекомплицирано е
Ја гледав последната епизода од повторно роден и беше толку емотивна и убава и плачев. Емотивец сум многу за се плачам
Утрово пред да ја носам мачката на ветеринар ко бев до аптека, па дур ја носев, па на враќање по пат. #плачка