Пред 2-3дена, раскинавме со дечко ми поради моја вина па после по телефон се смирувавме, и така и двајцата си плачевме преку телефонн..
Последен пат плачев пред неколку дена поради тоа што се скарав со брат ми и се присетив на многу нешта и ми дојде притисок голем, се исплакав едно 10 минути и велам ајде време е да одам напред хаха ♥
Пред некој ден, откако го изгледав видеово. So emotional message. А инаку не сум некоја плачка. Веројатно до староста е
Во понеделникот. Плачев бидејќи после половин година ставив крај на едно пријателство, а и сеуште се двоумам дали вистинската работа сум ја направила.
Успех луѓе!! Немам плачено скоро па цела недела. Во суштина не плачам за глупости, точно може да се расплачам ако луѓе ми се дерат цел ден над глава, од утро до вечер, но најчесто е од стрес и нервоза. Претходниве години го собирав во себе постојано и го игнорирав, успевав не знам само како, но годинава не ми иде баш.
Пред неколку дена.Му го манијачев еден стар фб на дечко ми и се изнагледав на неговото минато.Мислам дека му било подобро со нејзе, башка во ист момент и мајка му кажа дека многу ја сакал.
И што? Треба повеќе да се цениш себе си а не тој што правел и мајка му која ја сакала повеќе, не си создавај непотребни комплекси, и ти ќе најдеш некој кој ќе те цени, а тоа што поминало не е ни најмалце важно, не си ја замарај главата со непотребни работи, не чепкај во минатото нема ништо од тоа, верувај.
Фала ти многу! Заедно сме уште, но мајка му е разочарана имам пишувано за нејзе. На стариот фб што вика дека му е хакнат има многу слики, едно др и се иритирам, не требаше да го прашувам на таа тема
Пред некој ден. Инаку не ми требаат причини за плачење. Понекогаш кога сум сама така ми доаѓа само од себе. Ќе се исплачам и како нова сум после.
В недела плачев двапати и тоа плачење,се присетив на некои работи од минатото,а и денес бидејки другарка јавно ме понижи.
Уште од мала вака се однесува,сега сме на фах мислев дека се сменила,таа бетер кола има сега и дојди види ме,јас нормално немам,мани другото собра неколку колеги,вози па дури и ми се смеска накај мене,сум се почуствувала многу лошо,кога дозна дека имам повеќе поени уште толку стана ладна со мене,и ја незнам зошо вака се однесува еден човек.