пред два дена, поради една моја другарка на која му се случија многу неубави нешта...и сега кога се подсекам ми идат солзи...
Денес, за се што ми се собираше одамна мислев дека сум храбра не пуштив солза мислев дека ова е само борба со животот но ете денес попуштив кога размислив колку проблемите ми се сериозни порано мислев дека само на некои луѓе им се случуваат такви работи но животот ми покажа дека во тие некои луѓе може да спаѓам и јас иако не сум виновна за тоа
Пред некој ден.. кога се ми беше собрано и малата караница со него беше пресудна таа вечер да си заспијам плачејки. А таман помислив нема повеќе плачки за машки, ама тоа е.
Редовно, ден пред добивање можам да заплачам и за сијаличката од фрижидерот што не ми светнала кога ми се отворил. Сега откако дипломирав секој ден, те што жалам за времето на факултет поминато, те што знам дека ме чекаат промени. Место да се радувам јас се убивам од плачење, сакам уште еднаш да ги проживеам овие години, нема ништо да сменам, буквално истите... А последно, вечерва, онака без причина. Плачка голема сум станала.
Да не се зарекнувам,скоро една недела немам плачено..за чудо пред тоа како ми беше тргнато секој ден !
На Дјуран Дјуран, кога ја свиреа Save a Prayer. Прописно, со солзи ко дете у градинка кога го носат. Ме пукна ептен филм, романтика, сеќавања, носталгија, реалност. Вредеа тие солзи!
Синоќа.... Од разни причино,стално си плачам,некогаш ми се лсучува неколку вечери по ред али јбг тоа е .
и мене ми се случува истото....нема ден, нема нок да не плачам....и тоа секогаш за глупости за нешто што не е ни најмалку важно.... а и кога зборувам со некој ако малку ми го повиши тонот јас плачам....исто и ако малку се скарам со дечкото пак плачам......ке ве молам да ми казете некој совет да не плачам нон стоп и кога сакам да се смејам јас не се смејам јас плачам ..... кога зборувам со некој очите ми се полни со солзи не знам зошто
Вчера, некако се ми се насобра. Беше ова лош период. Одам два чекори напред,два назад. И така постојано. Се чувствувам многу изгубено. Ми се срушија некои желби ,планови и очекувања за во иднина. Некако изгубив насока и смер во кој сакам да се движам. Треба да се донесат брзи одлуки,а за такви не сум баш добра, зошто се сакам да контролирам и добро да имам премерено пред да одлучам. Некако не сум спремна за така крупна одлука и затоа ја бутнав под тепих. Наједноставно ми беше. Од друга страна добив убави вести и мало подобрување за истата ситуација.Инстант ме развесели и ми даде надеж. Некако ми ја врати разнишаната самодоверба иако не целосно. Финансиите ме загрижуваат многу, доаѓа период на големи трошоци и некако ми е страв од сето тоа. А,факултетот е долг, средствата и списоците за живот уште поголеми. Се надевам на подобри времиња. Ова погорново ми создава маки и дома, жално ми е да ги гледам моите загрижени ,насекирани. Мразам кога ќе видам да се нервираат. Некако одма помислувам на болести од нервози и стрес. И се плашам. И тоа многу. Страв ми е и од староста на дедо и бабите,не сакам да изгубам никој во животот. А,тие ми се едни од најважните личности во животот. Истовремено ,гледам да се подобрам емоционално,психички ,физички. Да се спремам за новото поглавје во животот. Тој пак,исто ми задава маки. Се сакаме,се разбираме,ама зошто постојано кавги и стрес. Не знам која е најпаметната одлука што се однесува за ова. Не знам на што сум,што е најпаметно. Во секој случај ако донесам одлука за крај,подобро сега отколку од септеври кога ќе се соочуваме со многу тешкотии и новини. Го сакам,ама не знам дали е тоа доволно. Многу надворешни фактори има. А, и самите ние доволно лошо придонесуваме. Дали е монотонија,досада или премногу насобрани работи меѓу нас,оставам времето да покаже. Се надевам дека се ќе се реши , стамбеното прашање,финансиите,образованието,тој,друштвото. Ете затоа вчера плачев. И не ми олесна,за разлика од порано. Некако се ова ме тишти. И не можам да се опуштам , да се одморам, премалку спијам и сум постојано раздразлива.
Солзи ми идат на очи и многу ми е тешко да се исконтролирам. Ова е нормална последица на се што ми се случуваше во изминатиов период. Ќе помине кај да е.