Во нервоза било кажано сигурно. А и да кажале повеќе пати па ти не земај толку при срце. Родителската љубов е безусловна. Не се оддалечувај од нив,напротив вака реагираат можеби затоа што се изморени во трката да ти обезбедат поубав живот и на тебе и за нив. Никој не ти мисли подобро од сопствен родител.
Денес... кого ќерка ми кашла и е болна, а јас немам решение не знам како да и помогнам . Се си мислам јас сум крива што слабо јаде овошје, што не пие чај или млеко. Си велам да пиеше чај , да јадеше овошје немаше да е болна. Па си велам не и нудам доволно. Не ја праќам веке во градинка од таму е болна само си се лажам. И вчера плакав . Плакав за братучетка ми . Колку е силна Вујко ми и вујна ми ги нема веке, а таа сама во се се снаоѓа. Јас ги имам моите старци си тропат глупости ама ме тешат исто така и ме храбрат дека можам се
Плачев вчера, плачев денес душата ми се кини срцето ме боли. Треба да ми дојди мензис. Плачев за едно чоече, мислев дека е посебен. Не бил. Не е прв пат да ме разочара некој ама незнам некако секој пат ме боли, ме печи. Секој пат си велам ноубади навикни се, светот е таков, суров. Ама секој пат боли. Одново и одново се во круг.
Се боли, Боли љубовта- боли стравот дане ја изгубиш љубовта, боли кога ке ја изгубиш љубовта, боли затоа што си ја изгубил љубовта, боли тоа што си изгубил верба во љубовта и се така во круг... со еден збор боли „Срцето“ Ако имаш реума болат коските односно зглобовите де ... И се така по нешто боли за жал
Вчера. Ми се насобра се, и плус тоа што сум во ПМС јаготка на шлагот. Не можев да стасам да научам за колоквиумите, а главата ме болеше премногу, па морав да оставам некои предмети. Од друга страна што не сум доволно добра за некои луѓе.. Не ме разбираат и со некои постапки прават да се чувстувам како изрод, како да не припаѓам тука. Обично кога плачам за едно нешто ќе се сетам и за многу други работи. И така..
Ако не го изгубиш, ако си сигурна во него, нема да боли. Напротив уште посреќна ќе си. Шо значи не боли се. Ама ако ти е зафркнат животот (како мене на пример). Боли корни.
Прееска гледав на tlc, say yes to the dress, си плачев секој пат кога кандидатките ќе си го одбереа вистинскиот фустан... доста трогателен момент
Прееска додека вежбав ми дојде да плачам.. Хормоните ќе ме полудат веќе, де среќна, де без желба да мрднам, де мотивирана..