Пред некој саат на тв даваа една хрватинка во количка заљубена во Македонија, повод бил Тоше, перфектно научила македонски, не пропуштила натпревар во ракомет, желба и било еден ден да ги посети Скопје и Охрид.... толку жал ми се падна, си реков па македонец нема толкава љубов кон се што е македонско
Утрово. Размислував на одредена тема, која не ми е блиска, која не инволвираше луѓе кои ми се блиски, ама од самата конструкција на хипотетичката ситуација ми се приплачи.
Моментално... Поради тоа што имам очаен проблем, кој не можам и се плашам да го споделам со блиските. Сама сум. Држам во себе, не знам до кога, веројатно додека полудам......
Утрово, здосадено ми сите да ме користат само додека им треба нешто, а потоа упм одам. Здосадено ми е и од моите што за човек не ме сметат, здосадено ми е од стравовите со мене , ги мразам луѓето што што ме донесоа во оваа лоша ситуација. ...
sinoka...zaradi duhovno propadnatiov narod koj e se po slep i glupav i gleda se niz povrsna prizma i za edna licnost koja mn ja sakam i strada
Денес. Едноставно како да плачев без причина. Најверојатно ми се насобраа многу причини за солзи, па не можам да издвојам една конкретна.
Пред месец дена плачев поради лажните пријатели, сестра ми која не се понаша како да ми е сестра туку најголемиот душман, поради семејството и се што ни се случуваше во минатото, поради самата себе си... Ми се насобра пошто 6 месеци солза не пуштив и ми олесна.
Кога се скарав со дечко ми за глупост пред две недели. Не сакам да се карам, па најчесто плачам поради негативните чувства кои ги разменуваме. Со било кој да се расправам потоа плачам. Воопшто не ги поднесувам добро негативните ситуации во кои сум јас лично вклучена, па се трудам со сите да бидам во добри односи.
Плачење? - Не помнам. "And a man's gotta do what a man's gotta do, when a man's a man among men, yes a man among men's gotta do what a man's gotta do as a man among men."