Моментално затоа што ми се отечени нозете од бременоста и ништо неможам да облечам и се мразам околу мене
А можеш да се одериш? Онака да вреснеш... да се изврескаш? Не мора на некој, туку.. само по себе дерење.. Не знам дали објаснав убаво..
Превише сум затворена, никогаш не покажувам негативни емоции пред други, а плачењето пред други го доживувам како слабост. Знам дека е глупост ама еднотавно таква сум. И е многу лошо, пошто се собирам внатре. Не плачам ни кога сум сама со себе. И потоа ќе ми се деси некој шок во животот, и ми се враќа се што сум потиснала претходно и од кожава ми се чини ќе се оделам од што е тешко. Така да боље што си 'плачка '
Абе не мора пред други... На само... А и не мора да плачиш. Можеш и да викаш и да спортуваш.. Што и да е, само да вадиш негативни емоции. Не знам дали е убаво да си 'плачка' искрено.. Можеби, ако е со усул.. На времето, знаев да се излигавам секаде и за се'... сега помалку ме погодуваат работи... ама си имам 'моменти'... Од прилика, еднаш неделата или еднаш на две недели... ќе си поплачам Пред некоја година, ќерка ми го гледаше цртаниот Spirit stallion , секој ден! Секое гледање, липав ко кишна година! Кутро дете, кузнај како и' било
Тоа е тоа. Спортот ми беше coping mechanism. Кик бокс, ракомет, трчање, планинарење се стварите кои ме одржуваа во нормала )))) Си отрнала веќе ))) Најбитно тие моменти во кои ти доаѓа природно да заплачеш, да не се пресечеш и повлечеш во себе. Инаку според мене, најздраво е некоја си средина. Не сакам луѓе што плачат за најмала ситница ниту пак оние 'камен ' како мене. Ни двете не се здрави.
Дибек бе вика Спремај се психички и спремај опрема, наредна тура планинарење те носам да се размрдаш малце