Заради мама. Скоро година се лечи од золчна кеса што на време не и ја тргнале цела но пола,за да на крај кажат дека има метастаза на лево крило... Секкој ден е полошо..
Вчера, се присетив на една грешка вк животот која ќе ја памтам засекогаш и секогаш ќе се каам за тоа нешто.
претходна сабота.. посвоена сум била.. и тоа со леснотија си го кажа.. вчера .. господинот што „прееемногу'' ме сакаше што ме молеше да му ја дадам невиноста и немало да ме заборави ме БЛОКНА од секаде од секоја социјална мрежа ама буквално од секоја..
Вечерва... така е кога дозволувам да ме погодуваат секакви работи.. Ама до срце ме заболе затоа што е кажано од личност што ја сакам повеќе од себеси
Денес, (вчера наутро поточно), бидејќи останав дома сам без никого во толкава куќа стана се празно, ја испратив мајка ми во болница да лежи затоа што е тешко болна веќе со години и никако да ја победи битката.
Се расплакав вчера вечер од среќа и возбуда. Гледав Say Yes to the Dress и толку ме трогна една невеста и блискоста со брат и и мајка и па кога и го погодија фустанот така убаво се расплакав, може дека и пмс ме тресе, ама ете се собрало и се испразни до следна прилика.
Placam samo poradi edno.Zagubata na mojata majka.Pominaa 6 godini a bolkata seuste ne stivnuva,sekoja vecer,za sekoja ubava rabota koga mi se slucuva ,sekogas koga imam nekoja maka, fali samo taa.
Дојдов да си кажам зошто плачев, ги читам мислењата на членките кои загубиле родител и пак се расплакав. Многу ми е жал девојки.
Вчера, бидејќи вчера бев и правев тетоважа посветена на татко ми, обично секогаш кога се тетовирав бев среќна за новата тетоважа, а сега бев премногу тажна, душата ме болеше, мислам на милион парчиња ми се ќинеше, со душа чекав да дојдам дома и да се исплачам.
Денес, заради носталгија и осаменост. Заради тоа што ми фали мајка ми , заради тоа што го видов татко ми после 15 години, заради тоа што дојдов да живеам на непозната територија, затоа тоа што тука немам баш пријатели, затоа што депресијата ме јаде полека но сигурно.
Мајка, каде и да е верувај до тебе е!!! И не си осамена и сама!! мајкати е до тебе!!!! А јас, таткоми го видов после 24 години! и со кејф му направив што му направив!! Не си сама!!!
Пред недела дена. Ми се споија сите жички дента, фалеше само да ми кажат дека губиме предавања и дека за џабе сум дојдена и толку. Ко мало дете почнав да плачам. Всушност, 99% од случаевите кога плачам се поттикнати од најголемата глупост затоа што сум собирала за се и сешто во себе. Ужас
Пред еден месец.Правевме венчавка и крштевка,а јас плачев липав како мало дете.Сите се веселеа,а мене душава стегната...Тешко многу ми беше што татко ми не присуствуваше ниту на оваа радост.Но длабоко во мене знам дека не гледа и не чува од небото... Немам спомени од него,не го памтам бев новороденче кога почина,но иако има поминато 26 год. Имам огромна болка во душава.... Пак се расплакав...