Кога станува збор за плачење, нај нај најтешко е кога ти е мака за нешто и сакаш да се расплачеш, а не можеш.. Толку пати ми се десило тоа...да сакам да се изнаплачам, а никако да дојдат солзите...
Па фала богу ми помина периодот на плачење, сега само некој тажен романтичен филм може да ме расплаче, но избегнувам да гледам такви филмови..
па... и не се сеќавам баш... мислам дека плачев пред една недела има многу моменти кога си се собереме со мојата бфф и си плачеме заедно кога ни се плаче
Е, баш тоа.. И на крај ќе се расплачиш за некоја глупост, како шо плачев јас преге на клипче на јутуб Ама си се изнаплачив за се шо ми се собирало до сега..
Секојдневност е тоа , за ситници , и јас сум особа што не мошам да се задоволам со малку , и само ако нешто не ми е под ќев се растажувам и веднаш плачам
Вчера од радост, ќерка ми ме расплака со нејзиниот заштитнички став, и моментот кога драг пријател ми го даде најубавиот подарок за Мила. Приказна за Мила во Росица.
Пред два саати,од среќа. Чак што више толкав набој што дури и рацете почнаа да ми се тресат... Ох нека е на арно! Башка...сега ми оди пак. Многу сум се разлигавила...ама на страна убавите нешта, љубов секогаш е последно парче од пазлицата. Малку му е суреална желбата...ама ако,убоо е што имал такви намери и замисли. И ете кога ќе соберам еден и еден,пак ми оди од среќа да се расплачам еве сега! Ама нема,зошто ќе спијам!
Денеска.. Ама онака, само неколку солзички пуштив, не дека плачев нешто, а ни сама незнам зашто, онака ми дојде. Понекогаш сама на себе си се чудам
на љубовта за среќа неможам да се пожалам,ама за глупости плачам ептен прееска гледав еден филм каде што умира едно кученце,marley and me,треба да го изгледате,значи убаво се исплакав поздрави и бакнежи до сите