Ај сега иди напрај ѝ услуга на "другарка" ти, и веќе наредниот момент нека те заборави. И после глупа те викаат, епа глупа. По секој трчаш на секој добро да му направиш и после глупа те прават. Нека те прават.
Коа татко ми остана без работа. И сеуште ми е тешко за него. И кога ми соопшти дека ќе зема само 8000 ден. Секој месец. Автоматски, остануваме само на мојата плата. И така.
Вчера, сањав одвратен сон, толку реален шо осеќав и физичка болка. Се разбудив со солзи, цел ден ми беше сјебан. Фуј
Пред некој ден,за татко ми,кој е позитивен на корона. Од балкон ја гледа ќерка ми и почна да плаче, бидејќи не ја видел месец дена. За мене не беше добар татко,но неа ја обожава. И така..
Зошто да дозволуваш? Покажи малку храброст, крената глава, покажи самодоверба и никој нема да те понижува. На таков непријател само со насмевка на лицето ќе му покажеш каде ми е местото.
Исто и јас. Не знам од каде да почнам за да станам појака личност. Читам книги, гледам мотивациони видеа, ама не оди.