Му дозволуваш да се манипулира ,понижува? НЕ МУ ДОЗВОЛУВАЈ,само полошо ќе биде..Нема што да се одбранеш остави го ,ако знае да се понаша супер ,или нека си побара совети како да се понаша. Ти нема потреба да му кажеш како треба ,сам треби да е свесен.
Пред две вечери. Гледав филм. Не плачев затоа што филмот беше тажен, туку затоа што си го пронајдов мојот живот. Размислував што би ако би. Солзите сами си течеа.
Пред мацку. Едвај се помир(увам)ив со фактот дека секој што ќе стои до мене ќе биде како бележан, на сите би им било чудно да седат со свиња како јас.
Не си единствена во светот. Млада си со правилна исхрана и малку физичка активност може да се среди. Мислам си средношколка таман сега си на распуст, можеш секој ден од сабајле да пешачиш по половина или цел саат. Јас пешачев два пати на ден по саат време, сабајле и приквечер и за скоро два месеца ослабев скоро 7 кила без некоја посебна диета си јадев нормално. Пробај.
Треба да јадеш почесто ама помалце, вака еднаш се прејадуваш и спротивно правиш. Ем здравјето си го загрозуваш, пробај пешачи навистина делува.
Со еднаш јадење само си штетиш.Арно ти рече членката да јадеш почесто,ама да се мали оброци. Ако јадеш здрави оброци и ако вежбаш ќе ослабеш. Ама,немој да слабееш заради други,туку заради себе.Значи,само ако ти сакаш.Другите и да ти речат нешто,не ги слушај. И оној кој те сака и те цени,те и ќе те сака и цени и со мањак и со вишок килограми.Нема да му е битна твојата тежина,туку твојата душа.
Така контра си правиш, односно си го успоруваш метаболизмот. Бидејќи телото еднаш добива храна, зачувува сè што може повеќе (и наместо да слабееш, се дебелееш) со цел да не изумре од глад.
Пред малку. Гледав видео од бебешко стапалце и ме фатија емоции и почнав да плачам. Труднички проблеми. А некое сериозно плачење ради реален проблем, вчера при паничен напад.