Сабајлево си пуштив неколку солзи. Ме пука ПМС, се' ме боли и не можам да се поднесам. Барем малку ми олесна.
Мажот не ти го дава никој, сама го земаш, сама го оставаш. Се додека вината ја бараш, препишуваш на друг, во случајов Господ, нема никогаш да се смени ништо во твојот живот. Нема да си ни прва ни последна разведена. Не чекај. Не чекај да наполниш 30 па 40 па 50 и се уште да си несреќна. Еднаш се живее.
Се надевам дека си свесна дека си во токсична врска со насилник. Се надевам дека е бивши дечко до сега. Се надевам дека нема да има трет пат. Татко ми уз муабет ми има речено "првиот пат си жртва, од вториот пат па натаму си доброволец". Тоа што си земал за право да помисли да крене рака на тебе, тоа кажува доволно за него, а за тоа што кренал...не е црвено знаменце туку аларм. Разговарај со некого!
Еве сега си пишувам и ми течат солзи зошто ме фаќа паника и правам сериозни грешки. И наместо да добијам поддршка добивам исмевање и изрази како никогаш нема да го направиш тоа, зошто се трудиш, гледаш и твоите не ти помагаат, гледаш дека не те бива, само за џабе пари фрлаш.... Малку верба во мене некој да имаше кога немам јас во себе.
Последен пат плачев од болка . И тоа чудо го доживеав . Уште од дете сум била доста толерантна кон физичка болка , но .. веројатно премногу долго сум била " силна " . Никогаш до сега не сум плачела кога треба да добијам менструација . Месецов и тоа се случи . Толку не ме болеше телото ниту по 3 породувања . За момент се исплашив дека веќе не ќе можам да се грижам ни за себе , а камо ли за другите . Среќа , помина .
Секој ден! Си велам неможам повеќе дигам раце од се, што ли грев сторив баш ова да ми се случи мене како да сум магнет за лошо. Забременив со второ леле посреќна од мене нема не ме сваќајте погрешно не жалам за тоа но детенцето ми се роди цело црвено по тело и по лице, одев уште по секакви доктори некој позитивно некој негативно кажува дека може да се лечи некој дека неможе, толку ми е тешко што ми иде дека ќе пукнам, кога и да излезам со неа на улица почнуваат прашални погледи ,некој се исмеуваат. Еве пример вчера бев на лекар со нејзе една безосетна рогоба ми вика барем не го шетај по град да ти го гледаат сите такво детето зарем не се срамиш, јас се расплакав што неможе да и изнакажам фино лепо па луѓето околу мене почнаа да ја срамат па излезе набрзина, исцрпена сум и психички и физички.Немам сили за ништо
Нема ти што да се страмиш. Такви се луѓето не си ја гледаат својата мака туку туѓата. Тие таквите треба да се застрамат. Консултирај се со повеќе доктори види им ги размислувањата можеби ќе се најди решение. И немој да плачиш биди силна заради бебенцето, но и заради себе
Колку има бебенцето ? Бањај го со хиперманган , можеби ќе помогне да се исчисти кожата . Ако не помогне хиперманганот и ништо друго , не очајувај . Твоето бебе е уникатно . Нека се срамат тие што го гледаат чудно . Најважно е да е живо и здраво , да биде среќно секогаш , никогаш ништо да не го боли . Надворешниот изглед , е само обична фасада . П . С . Следниот пат , на дрски коментари од непознати враќај со иста мера . Дрско . Немој да се јадеш себе си . Бог ти дал уникатен дијамант .
Не се сеќавам убаво. Еден месец од тогаш наваму можеби има. Повеќе немам ни солзи за плачење, ми се истрошија. Се изморив да плачам за едно те исто.