Денес...солзите течат,течат неможам да ѓи запрам....ја изгубив мојата БАБА мојата ѕвезда водилка , мојата кралица....боли , боли ....помислата дека нема да ја видам за последен пат уште повеќе ме крши на милион парчиња...
Додека го пишувам ова. Боли што знаеш дека долго време живееш без љубов, без еден добар збор, без бакнеж, една прегратка, едно како си... Боли што си го признаваш тоа дури сега иако си знаел дека е вистина одамна.
Вчера..... Некогаш многу ми е убаво што сум сама по неколку саати и имам време за себе. Но вчера не можев да поднесам и си поплакав... Ми олесна
Пред малку, поради нефер однос, никогаш нема да прифатам такво однесување ма колку и да имам невин поглед кон светот за мене тоа е доблест а не наивност и секогаш ќе ме боли кога некој на добро возвраќа со лошо..
Пред неколку месеци. Од среќа плачев пошо го положив најтешкиот испит у таа испитна. И си ветив тогаш доста плачење, неколку месеци да се стабилизираш сега, плачеш за глупости. Си стојам на зборот.
Си плачам јас секој ден,и музика кога слушам и филм кога гледам,и некоја добрина да сторам,и дете претстава да има и свадба да се прави и во црква кога одам..ама онака некоја солзичка..осетлива душа се ме погодува..ама пред дете и светот да ми се руши солза не пушкам ...може комотмо во некоја сапуница да глумам солза може да пуштам во секое време дури и да се гушам во плачејне..онака без причина.
Искрено, не знам кога, најчесто во ПМС за глупост ама и тоа е многуу одамна штом не се сеќавам. Во моментот имам причина за плачка од страв, не знам што да очекувам, ама јас освен очи филџани, срце што лупа тупа забрзано на некој саат и паника до плафон други симптоми немам.
Не ми треба некоја посебна причина да пуштам солзи..Како типичен Рак преемотивна и се лесно допира до мене и знаам да се изнаплачам добро..А кога сум во ПМС е тогаш лудило..
Вчера, плачев за сите неправди што се случија периодов, за многу работи кои останаа исти а ми беше ветувано дека ке се сменат и ќе се доведат во ред.... Оф!!!!!