Сега зошто се земам при срце, зошто сум премногу емотивна, зошто верувам дека луѓето се добри и ми мислат добро, зошто се кршам а треба да бидам силна.
Ќе прашам тука, ако има посоодветна тема бека премести модераторот. Дали некогаш сакате да плачете ама немате солзи, едноставано не течат солзи??
Па кај мене секогаш е така, а не сум забележала од кога. Иако ми е тешко и сакам да се исплачам не оди, не течат солзи .
Сега. Го видов на слика со новата девојка, изгледа среќен. Ме погоди што не сум јас таа до него. Ништо, брзо ќе ми помине.