Не збори за токсична работна атмосфера, кај мене на работа те гледаат во уста што правиш муабет и кажуваат нас не оговараш и ќе стане кавга. Не ми е јасно луѓето не си гледаат во својот двор, па ќе гледаат во туѓиот двор понекогаш и мене ме исцрпува работата ама да плачам за време на работно место не дозволувам. Сега личност А ако е скарана со личност Б тоа не значи дека третата личност В не треба да разговара со личноста Б, и поради тоа Личноста А престанува да збори со Личноста В. Поминуваш 8 часа на работа насмеј се направи муабет не мора да се расправаш за во иднина ако се видите на улица да не си кажете едно здраво, ама тоа е пусто македонче не си го гледа гајлето за себе, туку го гледа гајлето за другите
Оговарање колку сакаш, насекаде. И местенки, кодошење кај шефот, улизување. Не сум плачела на работа, само цел ден ми е уништен за глупости. Ма го чекам денот кога отказот во фаца ќе им го фрлам.
Тие што кодошат кај шефот скоро го јадат дебелиот стап. Кога почнав да работам моите колешки не даваа вода и по веце да одам, шефот ќе се дерел и ќе казнувал и месец два само на пауза одење по веце и вода пиење сум се тресел од нив, и после толку време не ги прашувам од кај се, денеска моите сакани колешки пред шефот ги отерав во пичку материна и ме гледа една со сина коса, и викам "што ме гледаш, земи работи и глас да не чујам од тебе" а до некни ми се правеше најдобра колешка ама сите си го покажаа лицето, и сега таа колешка под око ме гледа што правам и како работам и колку пати во веце одам, иронично е што дојде моите колешки да не одат во веце освен на пауза, а јас да одам кога сакам по 5-6 пати за 8 саата а шефот слуша и молчи, еднаш сакаше да ги одбрани колешките, му велам што браниш они за 8 саата ќе си ги извадат очите, и се озборуваат една со друга ти ќе ги браниш, ај не ме заебавај. Сакам да ти кажам не им попуштај и не им дозволувај да те газат и понижуваат, спротистави им се они се полни со комплекси и не знаат кај да ги лечат комплексите, а да им се развикаш посилна да бидеш од нив да видиш како ќе ќутат
Најмлада сум од вработените и ме гледаат како детиште кон нив, како да сум несериозна. Според години може сите родители да ми се. Ама општо и да не сум јас таму, такви се токсични, сите меѓу нив искарани. Никој не сака смена да замени, да ти направи услуга за ден ако ти треба. Одвратна средина се, ќе полудам да работам уште долго со такви. Не знам како толку години успеале да работат едни со други.
Исто и јас сум најмлад, една година кога работам. А и да треба да се сменам со некој за да завршам работа, не се менам, си, зимам слободен ден за инат , само ќе му кажам на шефот, не ме чекај утре не идам, и не сакам повеќе прашања да прашуваш што и каде одам и сите се нервират оти кога зимам слободен ден, моите колешки мојата работа ја работат. На мене еднаш ми кажаа колешките "ти си нов тука, треба да слушаш ние што ќе ти кажеме, оти сме постари и знаеме повеќе од тебе" и јас ги гледам од пети до глава и само им кажав, вие тој филм дека мене не го гледате сте се заебале многу. Ова ти го прават за инат да видат дали ќе останеш или ќе си, одиш, мој совет ти е да им покажеш малку заби и да им се развикаш и да не се замараш со нив, ако ме изнервираат ептен им викам "кој ве ебе од дека сте, дека сакате жалете се од мене, гајле ми е на мене за вас" совет не им попуштај и биди строга и покажи им заби малку
И јас не знаев да бидам дрзок и строг, кога си идев од работев плачев секој ден, и си, кажев ако треба ќе ги уништам, не зависам од нив, нивното мислење не ми е до толку битно, ако треба да каже дека некој не работи тоа треба шефот или директорот да каже, а други НЕБИТНИ личности не ги ставам на памет
Утринава. Нешто ми беше посебно тешко. Се плашам од промени, а пред мене во наредната година ме чека голема животна промена. Имам проблем со адаптација на нови места.