Пред малку. Ми олесни, сега ќе се нашминкам, дотерам и ќе излезам како да не било ништо. Жена после плачење е посилна.
Последен пат плачев кога ми соопштија дека нејзината ризична операција (шансите да преживее беа 50 отсто) помина успешно. И да, плачев пред колеги, кои беа збунети и не знаеја што се случува ...
Ќе се надополнам на ова. Не помина ништо, ама секој ден си се празнам. Денес највеќе и мислам дека веќе не остана солза непролеана во мене. Немам веќе сила, не можам да имитирам насмевка.
Пред малку, ме препотресе, првично шокира па расплака сцена од серијана Беса. Многу ме понесуваат сцени и тажни информации по медиумиве, можеби треба да поднамалам со нив или со сожувувањето со тоа што прикажуваат и пренесуваат. Ама да сум тв со копче за уклучи/ исклучи од ова па да успеев да го најдам и притиснам за исклучи одма ќе го сторев тоа. Не сакам што сум толку емотивна, ама ете тоа е едно од нештата што тешко би го надминала и мислам или си или не си, емотивка, плачка...
Многу сум тажна последниве денови и често плачам. Како доаѓа крајот на годинава ме фаќа страв за сите промени што ми ги носи 2023 година. Многу тешко се навикнувам на нови луѓе и нова средина. Ме плашат уписите на факултет, факултетот, новите луѓе, толку многу за учење, се ново, се плашам дека тешко ќе ми е да навикнам и затоа ќе сјебам и психа и факултет. Се плашам и за врската, дечко ми е од мое школо, пред се порано ми беше најдобар другар, сега на други факултети дали ќе останеме заедно. Многу го засакав, прв пат се заљубив, прв дечко ми е. Од самата помисла дека ќе ме остави понатака на факултет се плашам да имам секс за да не се приврзам премногу. Не ме присилува на ништо ама реков не сум спремна. Имам страв од тоа да сум напуштена и оставена. Дали ќе се дружиме со ова друштво, се ме плаши. Преубав период ми беше средново школо, многу добро се прилагодив и се чувствував навикната, си имам поставено добра рутина и навики, се ми е познато, а сега се ќе се расипе и смени.
Нема кој не бил исплашен од тој преод. Од тинејџер стануваш возрасен човек со многу обврски. Нема да ти продавам муда за бубрези како факултетот е прекрасен, студентските години се прекрасни и не знам што зошто лично мене не ми се. Има и тешки ситуации, некогаш ќе плачеш за испит, некогаш ќе си пресреќна што си положила нешто. Моменти што е убаво да се доживеат и видат, колку и да е тешко, после сфаќаш дека добро е што си го искусил и тоа. Студентскиот период се години кои те учат на многу работи, те созреваат, учиш многу за животот и добро е да се види и живее и тоа. Секој период има своја убавина и свои тешкотии. Назад да се оди не може, гледај само напред за иднината.
Солза не сум пуштила којзнае од кога, ама затоа внатрешно срце ми се кине... Причината ќе си ја чувам како тајна...
Знам дека овие безгрижни денови нема да се повторат затоа и се плашам и некако сум тажна. Пробувам максимално да го искористам времето, но не знам, кога ќе се сетам дека за некој месец е крај на овие средношколски денови постојано сум тажна.
Се има почеток и крај. Ништо не е вечно. Мисли на тоа и колку убави моменти во животот ти следат во иднина. Иднината е поважна од минатото.