1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога постојано гледа во други жени...

Дискусија во 'Брак' започната од KristinaAna, 20 март 2012.

  1. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    Стварно не е пријатно да се најдеш во ситуација кога дечко ти зјапа по други а ти до него.. Мене ми се случило со бившиот ова и дојдов до ситуација да се запрашам: -Што ми фали мене па се лигави по други?? Но фала му на Бога, не ми се случило ништо слично со сегашниов па океј ми е.. :)

    Се согласувам дека не треба да зјапаат, бар кога се со нас, а додека е сам што сака нека прави.. Па и јас знам да загледам но кога сум сама со другарки а не со дечкото.. Тоа е всушност непочитување на тој кој е до тебе.. Така самите се правиме будали, а не тој што е до нас.. :)
     
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    мене многу ме нервира тоа кога гледам некои се држат за рака одат и он гледа во друга не подносливо ми е тоааа... кај мене тоа сега засега ми се нема случено и се надевам нема да се случи
    може да гледа кого сака ама кога не е со мене ...
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    зборам,вака така...ама вчера живци искорнав.
    одиме накај град и една типка пред нас стандард фармерка 3/4 сако јака штикла,плико ташна кољско опавче и то. ама мојов го приметив,ама ај си ќутам ок нека гледа...очи се за гледање....леле ама кога рече: ДОБРО Е,ЗНАЕ МНОГУ ДОБРО ДА ОДИ ВО ШТИКЛИ |(
    Знаела мн.добро да оди во штикли...мислам да облечеш 12ка и више треба стварно да знаеш да одиш а не да изгледаш смешно.....работава беше изгледа ме примети дека не реагирам,па немаше како и ми коментира брееееееј,знае дека полдувам,сум му рекла 100 пати гледај,ама не ми коментираааааај уффф :doh:
    па кај му текна за штиклите брееееееј,следниот пат може ќе реше лакот и бил на некоја убаво нанесе :emo:
     
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас воопшто не се замарам кога гледа во други жени.Умеам тадури да му посочам некоја ако добро изгледа.Воопшто не ми пречи,ниту сега кога сум во брак.Едноставно,се трудам да уживам во животот, барем се трудам бидејки е суров и многу е краток,
     
    На Irrepleceable, vitomir и fighter им се допаѓа ова.
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    во право си не дека не си :^) кога е со тебе и со тебе ке биде нема погледи лево десно и девојки овде онде..
    и јас го мразам тоа,ама такви си се тие..
    од една страна не е убавоа од друга страна гледај да е само тоа да не претерува со тие погледи,на пример да гледа во некоја гледа и се заборави се :!: тоа е веке друго...

    ама знај дека машките сите се така тебе те дрзи за рака а погледите лево десно :?: :?:

    еееее пак и ти гледајси лево десно ами што ;) ;)
     
  6. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Секој сака да си види нешто убаво и во ред е дури е дискретно, дури и кога е со другари, а со мене па да не правиме муабет колку дискретно треба да биди.
    До сега не сум прошетала за рака некој што зјапа без осет и крши врат. :x
    Е сега да ви кажам за двајца мувачи. Едниот го сакав, не се гледаме веќе има девојка, овај другиот другар што го лапам понекогаш (нормално дури сум јас, а и тој сингл).
    Првиот кутриот женкариште невидено, кај можи да не гледа. Дискретно, ама сепак си гледаше секогаш. Е сега оваа неговата му ставила синџири кутриот не можи да мрдни, не па да се сврти. Да напоменам овде и јас да сум на нејзино место (не дај боже со таков женкар) и јас би постапила како неа, иако тоа е измачување според мене. Типот си шета со неа и не смее да се сврти, ама кога да го видам, таа ќе се сврти овај шара-бара со очињата. Или не дај боже во дискотека да тргни до вц да оди...ехеее. :lol:
    Овај другиот, нема жена да не се сврти, постаро, помладо си гледа и сам си се зафркава после тоа. Седиме на кафе и му велам види го бре девојчето симпатично колку е и тој вика врска немаш, не е убава. И така ќе навлезиме во дискусија за вкусовите. :lol: Пред неколку дена бевме до кај него до дома да си земи клуч и покрај кола поминува една девојка, подзастана дури со колата да ја сними убаво и вика туф за џабе не е убава. И така секогаш си гледа, ама воопшто не ми смета, напротив. Секогаш се смееме, затоа што е таков си знае од се да си направи смешна ситуација. Плус не ми е ништо, па за да ми смета.
    Јас со таков во сериозна врска...потешко. :hai:
     
    На crazylady и Lepaaa им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ја коа стапив во брак на почетокот бев као нешто идеалиста демек ако е со мене треба и да гледа само во мене. |( Прва озбилна врска, не ми замеравајте. Од машко да очекуваш тоа, мислам попрво куче ќе замјаука, а мачка ќе залае. Едноставно си се помирив со тоа и и јас не се потресувам нешто многу кога ќе приметам дека некој ми го фрлил окцето. Тоа што очекувам од него е да не ме понижува и да го прави тоа во мое отсуство.

    Трудете се и по вас да се вртат други мажи. Не запоставувајте го изгледот и имајте кокетна појава. А кога ќе загледа некој пошармантен, возвратете му на погледот, но не многу нападно или пак со апла намера за кокетирање (верувајте, маживе и те како приметуваат кога не` загледува некој, иако не секогаш го кажуваат тоа и не им е баш најпријатно и сеедно како што не` уверуваат дека нам би требало да ни` биде кога тие кокетираат, проверено ;) ). А ако ви се пробуни маж ви, дадете му го истото објаснување кое тој ви го дал на вас кога сте го фатиле да гледа по други жени (а обично тоа е правење на Тошо). Си застанувам со другари, си правам муабет пред него (немам некој физички контакт, не се ни поздравувам со бакнување со нив, само насмевка и муабет, гајле ми е) и не смее ни да ми писне затоа што јас ќе му спуштам „барем си правам муабет и пристојно се понашам, не зјапам ко гладен волк како тебе.“

    Потоа кога/ако седнете сериозно да разговарате на темава, замолете го барем да го прави тоа во ваше отсуство и да не ве понижува дотолку (освен ако не се чувствува непријатно да го добива истиот третман од вас во негово присуство) но да биде спремен дека со тоа и вам ви дал слобода за исто понашање во негово отсуство. Ретко кому би му било сеедно. И мојон фучи, и он би преферирал да гледам во земја кога сме некаде надвор, додека тој мерка околина, но нема авторитет да се буни многу многу. ]:)

    На крајот на краиштата, ако тој ве уверува дека не е толку страшно да се загледуваат со некоја, тогаш зошто толку се лутат кога вас некој ве загледува? Нели е тоа безопасно? Нели е тоа нормално?
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    :) И јас бев поборник за совршена љубов во која за двајцата вљубени нема нкогаш да постои некој трет. И мене мојот ми е прв па и си очекувам да се понаша како принцеза кон мене :$. И највеќе од времето се понаша!

    ... Да, гледа во други, за овие три години сум го фатила неколку пати, дури и ги памтам :D - еднаш во Охрид загледа една, еднаш на излет и уште еднаш кога бевме излезени. И јас веднаш го ставав на тапет, го стрелав како пикадо. По брза постапка го разрешував. Имаше еден бесен момент кога многу ме заболе и му раскинав. Тоа беше првото наше прекинување на врска. Знам бевме на излет и овој ко у стил си погледнуваше во една и многу нормално мене ми беше непријатно. Му кажав што ми се занаса така и му реков готово е со нас. После а у и послем неколку машки докажувања дека тоа не значело ништо, бла - бла ефтини правдања јас решив да продолжиме. Не дека му поверував на тие машки правдања и солзи, туку дека навистина си сфатив дека неговото гледање не беше апла опасно гледање. И дека ми опиша се и беше искраен. И дека многу ќе изгубев ако раскинам со него, едноставно тој е скоро идеална душа 8).

    Значи за такви работи многу се нервирам. Ако е со мене јас треба да сум му главна преокупација, најмногу во моментите кога сме заедно излезени. И јас треба да сум му најубава :D, а не да гледа во други, па макар и тие да носеле кратки фустанчиња. Како моите убави нозе нема никоја! Признаван има некоја со поубав г'з од мојот :(. Ама моите цицки, уста и очи си го надоместуваат пропустот што немам гз :D. Полна сум со себе :rofl: .

    Во последно време го фаќам како многу пати и тој збеснува кога ќе ме гледаат некои мажи :D. До пред некое време се контролираше, но во последно време неговата љубомора расте. Не е опасна ама си кажува нешто како еј види оној те гледаше, како те гледа, нека си ја гледа неговата дома... Јас па не сум некој карактер да гледам машки, ептен ретко некој може да ми стане интересен за шмекање и да му посветам внимание.

    Совет до вас девојки што имате убави дечковци покрај вас: секогаш бидете чиста, насмеана, полна со самодоверба и ставете на вас дискретен бледо црвен кармин (чуда прави!). Облекувајте се со облека која му прилега убаво на вашето тело. И вложувајте се во убавината на вашиот изглед! И запамтете, фаќајте си убав дечко, ама никогаш поубав од вас. Секогаш дамата треба да е поубава!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За мене е понижување и непочитување, мене да ме држи за рака, а да зјапа и да им го крева егото на други девојки, кои не ги ни познава какви се (некои можеби ни пет пари не вредат).
    Јас сум се дотерала, трошам време, пари на него, за тој да се лигави на други? Ако е така, нека оди со нив, не со мене. :^)

    Имам другари, кои пред мене не зјапаат по други жени, од почит кон мене како другарка. Да не е, еве пијам кафе со тебе, ама чекај да си меркам други.
    Значи кога еден другар (кој не е должен) го почитува моето присуство покрај него и не ме прави да се чувствувам глупаво, пониско, зошто дечко ми да не може? :!:

    Ама, од друга страна, ако зјапа, си ја приметува и обратната страна, а тоа е кога мене ме зјапаат. Па, де му годи тоа, што тој е крај мене, де го нервира.
    И на крајот, ако не можете да излезете на крај, зјапајте и коментирајте и вие, онака намерно: машала мускули, раце... Па да видите како ќе му се стемни. :lol:
     
  10. women17

    women17 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    26
    Ми треба помош!!!!

    Вака... многу пати со маж ми се имаме расправано за тоа што гледа други женски на фб и во живо... мн пати го имам фатено на фб како гледа и секој пат вика нема повеќе и се колне во мене, во се дека нема и пак го прави тоа... сега забележувам дека најверојатно пак го прави истото бидејќи забележав дека има бришено од browserot history така да сигурно пак гледа женски други... што мислите што да правам со тоа, а многу ми смета многу сум љубоморна а и несакам тоа да го прави стварно не е убаво тоа... не се чуствувам убаво, и ме повредува многу тоа... што да правам, дали да му преречам пак за тоа и друго што? Ве молам за совет!!! ;(
     
  11. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Ми треба помош!!!!

    Полни очи, празни раце.
    Непотребни нерви си правиш и себе, а и него. Сепак машко е.
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Ми треба помош!!!!

    немој да се нервираш за џабе
    машко е-визуелни суштества се тие
    непотребна љубомора е тоа
     
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ми треба помош!!!!

    Нема такво машко што не гледа. И се додека само гледа, нема за што да се замараш.
     
  14. women17

    women17 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    26
    се трудам да не се замарам ама едноставно неможам ми смета многу... и цел ден си плачам за тоа и незнам дали да му кажам дека приметив дека брише... и нај ме нервира што се колне во мене а пак гледа тоа ств не е убаво... што да правам да му кажам ли?
     
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Не гледам јас по други девојки.
     
  16. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    18
    Бидејќи веќе му имаш кажано дека тоа ти пречи и по се изгледа дека тоа не вродило со плод, според мене не би требало да му пререкуваш повеќе. Напротив, не му кажувај и покажувај љубомора туку биди си весела, расположена па тој нека се запраша зошто одеднаш не му придаваш значење на тоа што го прави. А ако пак го фатиш на лице место направи си некоја шега на негова сметка и чекај реакција. Можеби ќе престане да му биде интересно кога ќе види дека ти ама ич не се замараш, т.е. имаш попаметна работа
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Боже, боже кога видов што сумнапишала, не ми се верува :tmi: :x :drunk:
    Гледа бре луѓе, ама што ако гледа, и јас гледам, дури сега сфатив дека тоа е нормално, па ако сака нешто да направи не го спречувам јас па што сака нека биде. Сега веќе поминуваат и го подбуцнувам да се сврти :lol: Но има разлика, од седење дома и манијачење жени на нет до погледнување надвор некоја суќна :!: Мм е од вторите и сега сфатив дека не ми смета воопшто, се додека е во границите на нормалното. Веројатно животот со него ми ги смениле сфаќањата :D
     
  18. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Мојов поима немам дали гледа, но ако гледа,секогаш ги гледа во лицето (непозната причина зошто). И ми смета. Просто ми е некако со женска до него а гледа во девојка што поминува. Секогаш го брецам и он се лути пошто вели дека не ја гледал а јас не можам никогаш да бидам сигурна. :)
     
  19. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Јас покрај него а тој да гледа во други :o нема шанса. Тоа за мене е непочитување. Кога веќе ме избрал мене што има да гледа во други, нека ме гледа мене. Ако јас не му се допаѓам или не сум му доволна патот му е слободен. Гледањето на секоја девојка и смета, мислам дека машките сами треба да бидат свесни за тоа, и да го чуваат тоа што го имат. :)
     
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Почни и ти да загледуваш други мажи,да види како е :D