1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога сексот не чини...

Дискусија во 'Врски' започната од Lolipop23, 23 јули 2010.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Се е супер... се сакате до небо... те почитува и прави најубави работи за тебе. Се на се идеална врска... Ама што ако не може да ве задоволи во кревет? Дали би се осудиле да поминете цел живот со тој партнер?
    Би ја жртвувале ли страста во замена за идиличен брачен живот? И што мислите дали некогаш ќе се одрази тоа да меѓусебните односи т.е. дали би го отсакале? Можеби неверство????
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    ние во сексот сме страсни љубовници,огормни некогаш и по три пати на ден :$ само некогаш ми здосадува истото,некогаш сакам нешто ново,да ми изведе нешто,да се облечи со некое панделче на вратот,секси гаки,јас сум повеке креативна,загрижена,сакам да менувам се :rofl: некако сакам да ми направи некое изненадување,тој е некако како незаитересиран за такви работи,и во последно време не ме привлекува,некако кога ке помислам на секс,како ми се лоши,незнамз заради што е монотоно или ми треба тој повеке да се заангажира да ме расположи :?:
     
  3. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Ако во нешто беспрекорно се согласувавме со бившиот, тоа дефинитивно беше сексот. :) Ниту еднаш не беше досадно, ниту помалку страствено. И двајцата сакавме да си ја правиме интересна во однос на сексот.
    Сексот не е најбитен во една врска, но сепак според мене е доста битен. Не сум се нашла во таква ситуација да сум со некој а да не ми се свиѓа сексот и се надевам дека и во иднина нема да се најдам, но мислам дека не би можела долго да издржам во врската ако сексот не е тоа што треба да биде. Ако не чувствуваш страст кон тој со кого си во врска подобро да си останете другари и да си дадете шанса да си најдете нови партнери за врска во која нема да бидете незадоволни од сексот.
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    мислам дека не може а да не чини сексот. тоа е ипак чуство кое се пренесува од еден на друг. нешто во кое треба да се експериментира, ужива, препушта на партнерот да се предадете во негови раце и да дозволите буквално да имате заемно уживање. сексот никогаш неможе да биде ист, на почеток сигурно не сте биле искусни, не сте знаеле многу работи, секогаш било кој на кого му бил прв но се како што повеќе созревате, го практикувате треба да е се подобар и подобар. ако се најдете во раце на дечко кој не може или не доволно ве задоволува земете се во свој раце покажете му што ве задоволува, што ве пали, на што можете да излудите, верувајте бар мислам дека секој нареден секс тој ќе се труди да ве задоволи колку што сакате. машките понекогаш не знаат што не пали, како можат да не однесат на седмо небо. сексот не е само тури вади, за него треба да си целосно отворен и да комуницираш со партнерот што него го возбудува што тебе те возбудува. треба да практикувате да имате на различни места, во различно време, нешто што сметате дека никогаш нема да го направита али во негови раце го правите. сметам дека долниот веш од страна на двајцата буди прекрасни чуства, ајде ние носиме танга, а колку вашите партнери носат, мене многу ме пали кога дечко ми ќе ме изненади со танга хелло му имам кажано дека ме излудува и знае да практикува. и после сите овие работи и труд од двајцата дали ќе се запрашате чини ли сексот? неможе да очекуваме само машките да не задоволуваат фатете и вие нешто во свој раце :lol: :lol: :lol:
     
    На Kolumbo и Ilusionist им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со карак. Може да се случи првите неколку пати да не бидат како што треба, ама ако се друго е идеално и постои блискост, ова ќе се реши без проблем.
     
    На Kolumbo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    За темава бев инспирирана од книгата Шангај бејби. Таа млада, тој импотентен, се сакаат, ама недостигот од секс си го направи своето. Таа го побара тоа што и недостига кај друг маж...
    Според мене сексот е многу битен во една врска, ама не е побитен од взаемната љубов и почитување. Секогаш сум за тоа да имам идеален брак без расправии и тензии, страста во кревет би дошла како дополнителен бонус. Сите свежо венчани на почетокот имаат добар секс, меѓутоа не секој знае како да се справи со промените што ги носи бракот.
    И се сложувам со Карак дека ако не чини, треба да земеме во наши раце и да му покажеме како се прави :lol:
     
    На Sunchineforever му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано книгата. Значи на нејзиниот дечко не може да му се дигне :lol: и од тука настапува нејзината желба да се препушти на друг маж. Таа на ниеден начин не може да му помогне, едноставно решава да живее со неговиот проблем бидејќи го сака. Меѓутоа нивната врска не може да биде комплетна, како и нивната љубов. Да можела да превземе нешто да му помогне, таа тоа би го направила (како секоја девојка), но таа е беспомошна. Тоа е во книгата.

    Доколку во мојата врска сексот не чини, или престане да е добар како некогаш, веројатно ќе превземам нешто во свои раце. не можам да гледам на сексот како нешто кое доаѓа само од себе, напротив за добар секс треба и добра емоционална подлога во врската, доволно опуштеност, да се разбере што сака партнерот. Да бидеш задоволен и да задоволиш. Според мене, сексот е еден од клучните елементи. Штом сексот станува лош, врската оди во удолница, веднаш се јавува нервоза и несогласувања.
    И двајцата партнери треба да работат многу, да се почитуваат доволно и да се разбираат за да сексот биде добар.
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.392
    Пол:
    Женски
    Сексот е важен во врската и да не се лажеме колку и да го сакаш твојот партнер, ако не иде, не иде. Со бившиот сексот беше катастрофа и подобро што раскинавме за други работи, зашто ќе му раскинев ради тоа. Па не е се во бакнежите и прегратките. Може делувам грубо, но сигурно некој тип не би бил со мене ако не му чини сексот.
     
  9. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Тоа е книга, а вистински живот е нешто друго.
    Замислете брак во кој нема секс можеби 10 години, а се сакаат и почитуваат. Колку и да се сакаат, едниот ке оди на страна, а можеби и двајцата. Сексот е потреба акко и храна, вода. Не се може без тоа. И ако го нема, човек ке биде фрустриран и несреќен.
     
  10. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    spored mene 2-te najvazni raboti vo edna vrska ili brak se seksot i megusebnoto razbiranje. dokolku nesto od ovie 2 raboti fali, mislam deka vrskata/brakot nema da rezultira pozitivno. . .
     
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Кога сексот не чини???

    Доколку во една врска сексот не чини мислам дека колку и да има чуства се ќе се сведе на другарство.Ако партнерот го чуствуваш само како личност која те разбира и подржува,со која убаво си поминуваш а немаш добар секс тогаш сметам дека проблемот е голем. Колку и да негираме сепак факт е дека сексот е еден од столбовите кои ќе ја одржат врската покрај другите работи. Ако сега не оди како ќе биде после неколку години поминати во брак,кога тогаш ќе се јави желбата тоа да се надоплне.
     
  12. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Кога сексот не чини???

    Пред некоја година бев во врска во која се беше во ред, разбирање, договарање, заедничко решение за се, немам лош збор да кажам, но таа работа не ја биваше, па не ја биваше. Ако сакаш на глава застани пак нема да биде како што треба. Разговаравме повеќе пати на таа тема, но се некако како со пола уста да зборуваше типот, не можеше да се соочи со ситуацијата и да признае дека има проблем.
    После неколку месеци не можев веќе да издржам, само се залажуваш ај сеа ќе биде, ај утре, ама тоа црно утре не дојде.
    Убаво е кога пилето ти пее рано на сабајле, ама пилево глас не пушти неколку месеци :D
    И џабе е, водењето љубов можеби и не е најважниот дел во врската, но е мнооооогу важен
     
  13. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Кога сексот не чини???

    Не може да се каже која работа е најбитна во врската, затоа што се е тоа едно со друго поврзано. Мора да има љубов, разбирање, почит, страст... Не можам да разберам како може да биде лош сексот ако е силна љубовта меѓу двајцата партнери. Точно дека има периоди кога сексот може да стане досаден или нешто да не чини, ама ако има љубов меѓу парнерите ќе се среди и тоа, не може тој период да трае вечно.

    А во врска со книгата, не сум ја читала ама мислам дека никој не би се жртвувал така во реалноста, значи она знае дека тој е импотентен ама пак се решава да остане со него, некако не ми е реално, само од гледање и од муабет ли се заљубила она во него, па нели треба да има некоја хемија и страст за да се комплетира целосната вљубеност во некој човек?
     
    На povredena-83 и ludacaa им се допаѓа ова.
  14. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Кога сексот не чини???

    Еден збор - импотенција
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Кога сексот не чини???

    Доколку сексот во врската не чини, си одам веднаш, нема да мислам 2 пати.
    Љубовта како љубов е прекрасна и може да трае, но доколку нема страст, хемија, сексуална привлечност, нема да е комплетно и знам дека нема да сум среќна.
    Зошто би го мачела него, а најмногу себе?
     
    На Maca_<3, mysterious, red и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Кога сексот не чини???

    Може да е од недоволно искуство, почетничка срамежливост или недоволно познавање на потребите на партнерот, а и своите.
    Мислам дека некогаш, сексот може да се подобри ако се запознаат подобро партнерите, ако тоа е причината, сепак сите сме различни, некој неможе да биде опуштен од првиот сексуален однос.
    Но, ако сакаат различни работи, ако нивните емотивни и физички потребни се сосема различни, ако се нема почитување за желбите на партнерот, ако се тотално некомпатибилни, тогаш мислам дека таквата врска неможе да успее.
    Сексот не е најважен, но е многу битен дел од една врска. Ако се нема добар, активен сексуален живот, тоа ќе оденесе и емотивни фрустрации, нервози, несогласување и на крајот ќе се распадне таа врска.
    Ако станува збор за долгогодишни партнери и одеднаш сексот им станал здодевен, тогаш тука се изгубила привлечноста и страста, ама тоа е друга тема, а мислам дека и тука има што да се направи за да се поправи тоа, ако се сака. Се е во нашата глава. :)
     
    На Kolumbo и shiningstar им се допаѓа ова.
  17. MucenceS

    MucenceS Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7
    Gо имам проблемов..со дечкото ми е се супер..ама коа е сексот во прашање узасно ..он е добар и го бива ама ја не цуствувам некаква хемија... тешко ми е коа имаме секс се чуствувам како со сила... пред некој ден му казав дека ми е мачно и он сакаше да ми раскине и после тешко му падна а и мене исто и почна да збори дека му е криво што ке ме нема и дека му било убаво и почнавме да плачеме :( душа ме заболе коа ми текна дека без него ке бидам и немозев да издрзам коа го видов како плаче и коа ми казувасе дека му е тешкко и на крај се смиривме и имавме секс ама јас пак немозев и издрзав со сила колку ради реда..дајте помош :(
     
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    кога сексот не чини -не чини :D
    да не се залажуваме нема да биде подобар со текот на времето -или има хемија или нема
    може да е најдобриот дечко што сте го запознале ама ако тоа фали ,.. и те како ке ви фали
    и затоа автоматски ке речете ..Види злато, многу ми значиш и никако не би сакала да те изгубам , Што велиш да сме другари :lol:
    да се разбереме зборам за девојки кои имаат со што да споредат ,ако ви е прв пат односно прв дечко со кои имате односи тогаш ке ви речам дадете си време .
    На никој не му бил од прва одлично...и тоа бара искуство ;)
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.123
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Сексот никогаш нема да ми биде побитен од взаемната љубов и почит.
    Да, секој сака да е задоволен, ама кога имаш покрај себе прекрасна личност која те чува како капка вода на дланка ништо друго не е важно. Љубовта ќе ме усреќи многу повеќе од еден оргазам. Плус, живеам со луѓе меѓу кои нема љубов. Ги гледам и не сакам да бидам како нив. Сакам некој со кого до крај на животот ќе се гушкаме кога ќе спиеме, со кој секогаш ќе се смееме и со кој бакнежот ќе ни биде рутина за Добро утро и Добра ноќ. Тоа вреди многу повеќе.
     
    На Sashko1992, Kolumbo, HUNK и 1 друга личност им се допаѓа ова.