Гледајќи ја мајка ми како издржува последните 12 години, можам слободно да пишувам на темава. Татко ми почна да работи во странство уште од 2000 година. Точно дека имаше прекини, не беше цело време настрана, но голем дел од истото - да. Првин беше Словенија, па Италија, за еве сега Австрија. Отиде за подобар живот, со намера после некое време да не одведе и нас-мајка ми, мене и брат ми. Тоа никогаш не се случи. Во брак се со мајка ми 22 години, од кои 12 разделени. Баш кога јас и брат ми имавме најголема потреба од татко ми, кога растевме, па бевме во пубертет, па тргнавме во средно - него го немаше. Тој пропушти многу работи од нашето растење. Ама мораше така. Ако беше тука сите овие години, ќе јадевме буквално само леб и сол. Од друга страна ни овозможи одмори, шетање, екскурзии, и други да не речам луксузи. На еден начин се труди да ни надомести за неговото отсуство од домот. А на мајка ми можам само едно огромно благодарам да и кажам. Затоа што сама жена, без никаква помош од другите, не израсна менеи брат ми во здрави, паметни, скромни деца. Затоа што ни ги покажа вистинските вредности во животот и не научи на се што знаеме денес. Сите се чудат како нивниот брак опстана до ден-денес. Најверојатно со голема доверба и љубов. Ама тоа на почетокот. Далечината и долгиот период што се разделени си го направи своето. Сега, кога си доаѓа татко ми дома, се почесто се расправаат и тоа не за пари. Туку ја нема веќе онаа близина меѓу нив како брачни партнери. Ги гледам од блиску, и знам дека не им е убаво заедно. Полесно е кога се разделени. Порано имаа потреба и желба да се заедно, не само ради мене и брат ми, туку и заради нив самите. Ама сега веќе не. Од друга страна, тука сме јас и брат ми. Ние немаме никаква близина со татко ми. Онака формално само комуницираме. Иако тој се јавува дома скоро секој ден. Јас бев 10 години кога тој тргна по белиот свет во потрага по подобар живот за нас. Тогаш тој беше мојот херој и многу ми недостасуваше. Сега сум 21. И прости ми Боже, ама воопшто не ми фали. Точно дека и многу работи се променија, се случија нешта кои не ги очекувавме, но ете. Многу подобро функционираме без татко ми дома денес. Благодарна сум за се што ми пружиле моите родители,знам дека заради нас се мачат и двајцата и се одлучиле на некој начин да си го ризикуваат бракот за подобро утре. Ама, не дај Боже, јас да сум во таква ситуација еден ден, мислам дека не би го издржала сето тоа.
Не е лесно таквиот живот ,ама ич .. Мене некогаш ми паѓа тешко кога сопругот е по цел ден на работа, и се гледаме само за вечера .. а не па да бидеме разделени со месеци Како прво за самото дете ...ако него го нема ,ако е на работа некаде во друга земја ке пропушти многу ..многу заеднички моменти ..детето ке расте , А исто и како партнер ,не би можела без него долго време . еднаш бевме разделени 3 недели , бев кај моите во Мк ,кога се вратив детево беше мало 5 месеца ,го имаше татко и заборавено , не буквално ама требаше два дена да се привикне повторно Ама кога се работи за егзистенцијата на семејството , кога државата не нуди работа пристојно да се издржува едно семејство и мора да се замине на страна а некое време би го издржала и тоа ако знам дека потоа на сите ќе ни биде подобро
mnogu e tesko, svaka cas kako si trpel, jas ne mozam da trpam so meseci [mod-kirilica:1r0qp8oc][/mod-kirilica:1r0qp8oc]
а маж ми што се спрема да оди и ќе се враќа на шест месеци по една недела У П М ама што да се прави овде нема леб
"прекрасна", маж ми се спрема да оди и на секои 6 месеци 1 недела ќе биде дома , а како што можете да видите ќерка ми е 11 месеци
нема да ти биди лесно тоа е факт али реално гледано сега сте млади и сега е време да се спечали некој динар па последа се уложи овде да си бркате некој бизнис Ке те факаат кризи посебно на празници на свадби родендени кога ке се осетиш акко си самаи како на никој не ми е стало до тебе али од една страна сега господ не жали и сега имаме технологија по цел ден сме на скајп сврзани а кога ке помислам дека дедо ми две години у странство баба ми абер преку писмо еднас до два пати во годината чекала да стигне За која земја се работи кај вас?
Маж ми беше во Авганистан и се врати поточно го вратив бев децидна дека нејќам дете ако скроз не го откаже договорот а здравственатаситуација притискаше и немаше избор сега е дома малата е 3 ипол месеци и ок сме наводно бара работа тука веќе повеќе од година мислам дека нејќе ни даја најде не знам ама не се ни замарам повеќе може да прави што сака додека јас имам да го изведам детево на пат не ме интересира .Знам дека таму му беше многу убаво планираше доживотно да шета така иди ми дојди ми што многу ме нервираше добро е што не му успеа
јас 3 години верена бев далеку од него знаЧи 3 години ми беа како пекол замисли и тоа верена не во брак можам да замислам како им е на сите тие сто сопругот е далеку од нив катастрофа и бол и тага и се фала на господ сега во брак сме заедно и никогас да не се разделиме а и сакам да кажам кога бев мала не го разбирав ова.тогас сиромастија јас мама сестрами и тато мој кој замина на моите 7 години во америка,се лутев на него кога замина и таму бесе 5 годинки,мама бесе се за нас и татко и мајка ама ние мислевме дека е така бидејки бевме усте мали деца и не разбиравме дека тој го направил тоа за насе добро да можеме да одиме сколо и да имаме се... кога замина немамве нисто освен за јадење а кога се врати од америка ни овозможи се,убава кујЧа,сколо,убаво место за живеење и се бевме пресрекни сите јас тој мама и сестрами... до ден денес не сме се оделеле од тогас али знам дека сопругот и таткото кога е во странство го прави за неговото смејество да има се...
Јака ви душа! Од на мајками другарка сопругот вози автобус и секојдневно е на пат за Белград. Дома си доаѓа еднаш неделно и тоа по саат време и си оди, си нашол друга жена таму има и ќерка 13 години. Не се разведоа од срам за децата и за внуците. Како и е таа си знае. Јас не би издржала да е далеку од мене, за ништо на светот
Taka mislis nedaj boze da nemas lebce da jadis..da go gledas doma kako sedi bez rabota i da se raspravas sekoj den kako nema pari samata ce go nateras da zamini nekade vo stranstvo da poraboti ili da se snajdi za viza
Никогаш не вели никогаш. Знам, се надевам и јас ама засега сам свој газда колку толку има. Само реков јака ви душа на вас што се во таква ситуација и дека јас не би издржала да е далеку од мене.
Kolku golemo e resenieto da edniot (bilo mas bilo zena ) zamine za stranstvo i ja ostavi familijata? Mnogu diskutabilno. Mozda privremeno, max 5 god, se sto e poveke e mnogu. Ako ostanuva 5 god so namera da ja donese familijata, OK, ama deka ke zaraboti da gi resi domasnite problemi Ne. Nikoj so nekolku god. rabota ne zarabotil za da ima za troskovite vo idnina. Kako gore navede nekoja od clenkite "dalecinata gi razdvojuva partnerite". Da ne dodavam deka mnogu od niv tuka za da zastedat ziveat zaedno, bliskosta si go pravi svoeto i ete ti se spandzale i zaboravile deka imaat obvrski doma. Za ovie 15 god. sekakvi kombinacii vidov i da vi kazam samo 10% uspeaa. Imase eden covek koj gazdite go sakaa i mu ja prodolzuvaa vizata, toj sakase da ja donese familijata, ama ne uspea. Zosto? Covekot ne uspea da nauci Angliski (po 10god) onolku osnovno za linc 4 za da moze da ostane. Vladata mu dade sansi sekoj 6 meseca da polaga bezplatno, ama toj kako i mnogu drugi si svirkase na toa uvo deka gazdite go sakaat i nema sansi da si zamine. Drug slucaj: Zena napustila familija i rabota i se nadeva deka ke ostane i ke ja donese familijata. Pomina mnogu vreme sansi od viza familjarna ni trag. Decata porasnaa i nesakaat da dojdat, a ona praka pari i si najde ovde eden covek za zabava pa taka ne i nedostasuva jaca polovina. Nakraj izleguva deka taa privremena rabota vo stranstvo trebe da ima kratok rok oti ako ne uspeete da gi resite hartiite za prvite 1,5 god, ponataka nema nadez.
Ако ви гори под нозе и живеете буквално ден за ден, а некогаш и без тоа и те како ќе бидеш пресреќен ако замине мажот на работа, колку год и да е далеку.. Сите ја величиме љубовта, да, ама од љубов не се живее. Тоа е фактот.
Е и јас сум за во оваа тема. Искрено не е убаво да се живее сам, меѓутоа неможе да се спореди како е да живееш овде со една плата и со парите од таму. Мм одеше три месеци, ама сега почна и на други места да работи и веќе 9, 10 месеци е таму. Тешко е , ама таа е реалноста и се навикнав веќе. Како што кажа членката од љубов не се живее. П.С Мажите на печалба, а жените тука да трошат
Da od ljubov se zivee, bas zaradi toa lugeto si naogaat srodni dusi megu tie sto gi opkruzuvaat i ja zaboravaat familijata koja ja ostavile doma. Pa da ne gi zaboravime i tie doma sto se poradi istata potreba pocnuvaat da gi zagleduvaat duri i onie na koj nikogas ne bi im obrnale vnimanie. Moze vaka do beskraj da pisuvame, vistinata e bolna ama taa e.
Јас бев во врска на далечина од самиот почеток на врската, кога влеговме во брак не се преселив веднаш, но тие месеци ми беа најтешки. Сега и кога некој ке спомне па кога одите дома нека оди он кај неговите ти кај твоите мислам дека е луд. Јас си го поминав моето на далечина, сега незнам што ме чека во животот ама се надевам дека нема да треба повторно разделби на подолго.
Еве и јас да си поплачам тука, бидејќи немам на кого и каде. Ќе замине , а најмногу миие што останувам во оваа куча,каде сум несреќна, во неслога, без општи услови за живот( немам моја кујна и купатило, а решив веќе да не се туркам со дотичната во "г*з место ") и се спремам психички, детето е поголемо речиси две годинки, разбира и многу е врзана за него. Но ако тоа е условот за да имаме заедно мирен живот, бе постојани кавги, стресови и што уште не, тогаш ќе гледам да издржам. Како, ни самата не знам.