Рече не е друга во прашање туку едноставно се наоѓал на граница помеѓу нас и работата...додека е таму имал цел и сака дома да си дојде а кога ке дојде брои денови за назад. Го молев,го колнев да остави се тука да се врати ама од таа пара на оваа плата е многу тешко дури и за неверување дека ке седи тука, Сабајле мајка му ја викнав и кажав,жената се запрепасти зашто маж ми не е таков човек,никогаш и не бил,семејтвото на прво место му било секогаш, и на брат му исто кажав и ѕоа пред мм,сакав да слушне колку ми е криво...па можеби ке ја срушам таа граница што ја има он,можеби ќе го вратам повеќе накај дома,се надевам барем зашто многу го сакам а и знам дека ме сака,не би дозволил да патам јас или децата заради него и да се надевам дека е период само и дека ќе помине,ке молчам и ле чекам времето да покаже,а што друго би правела нели.....
Има опција вие да идете со него? Колку ќе остане сега таму? Мора да се изреагира сега пред да оди, да се разговара и да се реши зашто ако оди може само полошо да биде. На секој му е тешко од европска плата да дојде на македонска и не би сакала да ви се мешам во џебот, но претпоставувам нешто имате и заштедено, па не би било проблем да остане тука некое време.
Кај што работи мм,жени нема...блиски исток ај да кажам...да остане дома сега за сега нема ама ќе разговарам побрзо колку можам за да ја средам оваа ситуација,барем ќе се потрудам....
Мила, едно е да каже дека се оладил од тебе, ама сосема друг левел е да каже дека се оладил од децата. Зошто да чекаш да се породиш и да се надеваш дека ќе омекне? И да омекне, таков не би погледнала уште еднаш. Сега поплачи си, ама ќе помине и ова. Ич нејќам да сум сурова, извини, можеби грешам, ама ако тој ти вели дека оладил и брои денови да се врати назад, немој да си викаш дека сеуште те сака. Можеби е период, можеби ќе помине и ќе се свести што направил, ама ако не е период, можеби подобро ќе е за тебе што побрзо да ја прифатиш ситуацијата таква каква што е. Разделбата страшно изгледа, ама не е толку страшно колку што само изгледа, и да се разделите ќе биде се океј, ќе се снајдеш.
Без разлика на се, додека си бремена можел да почека барем, па да каже и да правите муабет, не е убаво вака, три деца и сега се оладил, не знам како можат од деца да се оладат, нејсе не би сакала да зборам, затоа што си бремена, и тоа при крај, не е убаво и човечки бремена жена да ја нервира и стресира со вакви мисли. Ти чувап деца тука, сега уште едно на пат, значи три, и не е баш лесно три деца да ги гледаш сам, можеби тој оди и работи таму за сите вас, ама ете некогаш парите не се доволни... И јас би за тоа да правиш муабет додека е тука овие 5 дена барем, а да си одам од куќа што сме ја граделе заедно 18 години, тоа нема шанси, нека си оди тој попрво. И би ти кажала да не се нервираш, дека си бремена, ама знам дека е џабе, само мисли на бебето, и на останатите две деца, другото се надевам ќе се среди...
Како бе вака се оладил? Ај од тебе како жена, ма да не знам за 8 месеци, од 18 год заедно не иде ладењето баш така, ама од децата? Па јас бившиот дечко го сакав уште 7 години не можев да го заборавам, не па деца и жена. Криво ми е вака, го чекаш, ти фали, со 3то дете во стомак и на крај господинот се оладил!? Убаво викаат старите маж со к*р прави,со к*р жали(чест на исклучоци) Биди силна мами, ако нема чувства за тебе остави го,немој да го молиш и да живееш несакана и во пекол. Ако може да се среди, ако му е период ок, ама ова па да го кажеш на бремена жена после толку години, ич бе ич не размислуваат уф!!!
И после 18 год.ќе ти тропне на врата и ќе пере мозок на децата дека многу ги сака дека му е жал што згрешил.Децата ко деца си ги сакаат двата родитела.Небитно што ти сама не си спиела по цели ноќи,си дежурала кога имале тт,си трчала од раб до градинка да ги собереш на време,главата ти обелела на 30 год од нервози,си се простила од емотивен и сексуален живот минимум шест седум години,дур колку толку се осамостојат децата,си поминувала низ тежок пубертет заедно со децата,си барала начин како да им објасниш на фин начин зошто таткото не е присутен во нивниот живот,зошто не сакаш да ги труеш децата со омраза од мали.Си ги пребројувала парите дали ќе ти стигнат за млеко и пелени.Сите дечиња отишле на некој спорт или курсеви,екскурзии,матури. И ти доаѓа после сто години кога конечно децата пораснале и се прави татко. Извини другар,или си татко или не. Или си дел од нивниот живот,или не. Нема трета опција. Т.е има татко после сто години се свестува дека е татко,најчесто кога ќе им падне газот. И кога ќе сфатат дека љубовта од децата неможат да ја заменат со ниедна друга.
Sto napravi zence... te mislam... zamisluvam kako ti e ... Nemozam da ti pomognam nikako osven da te ohrabrime da ja redis situacijata pred da zamine, da bides silna, istrajna i pred se majka! Nemozes sega da svatis, se ti e izmesano vo glavata, te razbiram... no svati edno nesto: ti zivees bez nego so godini, toj e tvojata psihicka potpora no... bez toa se moze... bidi silna za decata i za maloto angelce vo meseto... tie ne se vinovni za ekskurziite na tato! Neka rascisti sam so sebe prvo...mislam deka i drugi raboti ke se izvadat od kalta... samo bidi silna!
Пред некој ден се извини...искрен беше,се познава....рече,срцка извини знам дека грешам,знам дека ти е тешко ама разбери ме...5 месеци сум таму трудејќи се да не мислам за дома,да не пошуштам психички да можам полесно да заработам и дома повеќе време да бидам со вас ама не е едноставно и неможам за 1 ден да се навикнам дека сум дома со тебе и децата и таман ке се навикнам на вас јас треба да се враќам назад,знам дека е искрен,се трудам да прифатам и попуштам колку и да ми е тешко,фала ви на сите за споделените совети....
Искрено да ти кажам, тешко. Барем јас тешко го поднесов тоа. Го мислев, ми беше жал некако за него. Но, со тек на време некако се навикнуваш.
Па и мене ми е жал и криво што оди, ама знам зашто оди, има цел. Ама се надевам ќе мине брзо времето.
Па тој момент "знам за што оди" и ми олеснуваше и ми ствараше бес истовремено. Се поминува, само трпение треба
По пишаново ти веќе му прости за тоа што ти рекол дека се оладил и од тебе и од децата. Од што ти е тешко дека треба да замине си поминала преку се, дури и преку тоа што не треба. Не ти велам да се расправаш но биди доследна во тоа што му го кажуваш, така и повеќе респект ќе има и нема на памет да му падне да ти рече дека се оладил.Со простувањево му даваш до занење дека утре може пак да си игра топло-ладно.Како не може да се навикне дека е дома со тебе и децата? Кај треба да биде за да се навикне? Ако е така навистина како што вели дека оди во друга држава да заработи и тоа да го донесе дома,за ваша благосостојба и поткрепа тогаш тој едвај ќе чека да си дојде дома.
Sakam nesto da prasam , nekoe iskustvo. Maz mi e sofer i raboti vo germanija. Na sekoi e meseci doaga na kratko doma. Jas rabotam i imame tri deca. Imam golem nemir sekogas koga ke zamine. On e zatvoren i nekazuva nisto no imam cuvstvo deka me vara. Eden den dojde eden prijatel negov kaj nas na gosti i pocna da kazuva kako bilo super vo germanija, kako im nosele prostitutki na povik, kako imale zeni vo sekoe vreme...(on ne e zenet a mojot se pravdase deka nemalo, nevidel,neznael...) me pritiska somnezot,me ubiva pomislata ... sto ako e vistinA? Dali ste slusnale dali navisgina taka lesno se doaga do zeni znaete li nesto za soferskiot zivot.
Нема врска дали е шофер или министер, карактерот си е карактер. Или го имаш или не. Ние на форум не можеме да ти кажеме дали те вара или не тоа треба да си зборите вие двајца а за проститутки нормално, сегде има.
Дали е шофер, молер, доктор...не то прави разлика. Ако ти осеќаш дека не ви е во ред бракот, дека те изневерува, што ќе ти значи туѓо искуство? И да се проститутки и да не се, ако сака и аконе такво човече, а ти осеќаш дека нешто не е во ред тогаш нешто е е во ред.